Скорпијата нема да ве остави дури и кога најмногу страда - Најголемата тајна на секој од знаците

Преплавени сме со факти од светот на астрологијата, па понекогаш мислиме дека знаеме апсолутно сè за хороскопските знаци. Сепак, не можеме секогаш да ја предвидиме секоја нивна постапка, што е сосема нормално.

Najgolemata-tajna-na-sekoj-od-znacite-01.jpg

Која е најголемата тајна која ја крие секој од знаците во себе?

Овен

Овните ќе застанат на вашата страна само поради љубовта и лојалноста што ги чувствуваат кон вас. Нивното мислење може драстично да се разликува од вашето, но тоа нема да го покажат во јавност пред другите и нема да ве остават на милост и немилост на толпата која сака да ве линчува.

Бик

Кога најмалку очекувате, во најтешките момент, Бикот ќе го надмине инаетот и ќе дојде да ве прегрне и да ви го понуди своето рамо за плачење. Бикот е добар слушател кој нема да ве прекинува и ќе ви даде добронамерен и реален совет кој најдобро ќе биде да го послушате.

Близнаци

Иако изгледаат среќно и весело однадвор, на Близнаците срцето им било скршено толку многу пати што престанале веќе да бројат. Зад сета таа весела фасада се кријат тажни луѓе кои се подготвени да го свртат и другиот образ кога некој им удира шлаканица, сè во име на мирот во куќата.

Рак

Емотивните Ракови се истовремено и многу силни. Тие ќе ја прифатат вината доколку сметаат дека на тој начин некако ќе ви помогнат. Подготвени се да го жртвуваат угледот и честа, сè во име на љубовта кон најблиските.

Лав

Лавот е тип на човек кој нема да крене раце од вас, па макар тоа го убило. Ќе се бори за вас до последниот здив, дури и кога ќе слушне некои непријатни зборови зад својот грб кои сте ги упатиле во момент на афект.

Девица

Како вистински дипломати кои се однесуваат префинето дури и со зборовите, Девиците или ќе ја премолчат вистината или пак ќе ја замаскираат со цел да не се почувствувате навредено или омаловажено.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...

Најчитани неделава