Хипохондрици, посесивни: Мрачната страна на секој хороскопски знак

Mracnata-strana-na-sekoj-od-znacite-02.jpg

Вага

Вагите најдобро се согласуваат со доминантните знаци на Зодијакот. Тие се премногу неодлучни. Може да се каже дека на некој начин се заљубени во себе и знаат да ги преценат своите способности. Склони се да веруваат дека добриот изглед може да ги реши сите проблеми, склони се на манипулации и не се справуваат со сопствените емоции.

Скорпија

Скорпиите знаат да создадат пријатна атмосфера и се многу привлечни, но, од друга страна, знаат да бидат многу сурови и ладни кон другите. Понекогаш се чини дека уживаат во туѓото страдање. Склони се кон љубомора, изливи на гнев, нарцизам, силни амбиции… Секогаш и секаде сакаат да бидат главни.

Стрелец

На Стрелците често пати им недостигаат тактики и дипломатија и ја ценат искреноста, каква и да е таа. Исто така, имаат тенденција да ги преценуваат своите способности и често мислат дека секогаш се во право, иако немаат основа за тоа. Тие се и многу импулсивни.

Јарец

Секогаш ја гледаат чашата како полупразна и умеат да го „исцицаат“ сиот оптимизам кога ќе се појават во собата. Јарците се најмалку склони кон спонтаност од сите хороскопски знаци и затоа животот со нив може да биде многу заморен. Исто така, тие не се премногу емпатични, туку преокупирани со самите себе.

Водолија

Водолијата може да биде непредвидлива, неконзистентна, непопустлива и тврдоглава. Исто така, тие се склони кон одложувања до таа мера што луѓето им велат дека ќе задоцнат и на сопствениот погреб. Но, на Водолијата не ѝ е многу важно што мислат другите за неа. Тие се склони и на манипулации кога навистина нешто сакаат.

Риби

Рибите живеат во облаци до тој степен што знаат поголемиот дел од животот да избегаат од реалноста. Дополнително, тие имаат тенденција да претеруваат или да „направат слон од мува“ и да им помагаат на другите поради некоја себична причина, а не од добрина. Припадниците на овој знак често пати се немирни, премногу чувствителни и склони кон песимизам.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава