Кои хороскопски знаци се плашат од сериозни врски (и како да успеете да останете со нив)?

Некои луѓе ги гледаме постојано со нови партнери и за нив често се вели дека не сакаат да се врзат. Кои хороскопски знаци најчесто бегаат од сериозни врски и постои ли начин да ги „натерате“ да останат со вас?

zoshto-nekoi-horoskopski-znaci-se-plashat-od-seriozni-vrski-i-kako-da-ostanete-so-niv-01.jpg

Вие посакувате сериозна врска, но имате чувство дека постојано налетувате на луѓе што бегаат од тоа сериозно да се посветат на еден партнер. Наместо на романтична вечера завршувате во преполни дискотеки, каде не можете премногу да разговарате или да се зближите, а речиси никогаш и не разговарате на сериозни теми.

Во продолжение погледнете кои шест хороскопски знаци најчесто бегаат од сериозни врски и зошто:

Вага

Благодарение на својот шарм Вагите лесно се вклопуваат во друштво и лесно освојуваат партнери. За нив е мошне забавно постојано да флертуваат, но се грижат и да не ги повредат чувствата на другите.

Поради ова на Вагите им е мошне тешко да се врзат затоа што знаат дека многу често може да се најдат во ситуација кога поради вродената потреба за флертување ќе ги повредат чувствата на партнерот со кој се во врска.

Сепак, кога еднаш ќе стапат во врска од Вагите можете да очекувате да бидат мошне лојални и верни партнери, секако, доколку не им замерувате на тоа што сакаат да ги шармираат другите луѓе и доколку покажете дека имате целосна доверба во нив.

Водолија

Водолиите во својата глава веќе имаат идеја за тоа како треба да изгледа идеалната врска, што многупати може да биде и нереална. Сите оние што не успеваат да ги задоволат нивните високи стандарди завршуваат на списокот на поранешни партнери. Дополнително, тие не се чувствуваат пријатно кога треба отворено да говорат за сопствените чувства и емоции.

Доколку сакате да ги задржите во врска ќе треба да вложите напори за тоа постојано да бидете авантуристи и да ги изненадувате со сопственото знаење.

Девица

Девиците се перфекционисти со мошне високи стандарди, па така треба да бидете подготвени дека постојано ќе бидете критикувани и мерени според тие стандарди. За нив мошне важно е партнерот да биде педантен и добро организиран.

Девиците мошне ретко изневеруваат, но проблемите се појавуваат во првиот миг кога ќе одбиете да им ги исполните желбите. Тие се секогаш сигурни дека знаат што е најдобро и очекуваат вие постојано да се сложувате со нив.

Овен

Овните очекуваат партнерот постојано да биде забавен и да им ги исполнува сите фантазии и постојано да биде подготвен за експериментирање. Исто така бараат партнерот во целост да им биде верен и посветен, но сметаат дека тие не се должни да го прават истото.

Иако се мошне склони кон неверства, сепак можете да очекувате дека со нив можете да остварите сериозна врска дури откако ќе созреат и ќе стекнат голема доверба во вас како партнер.

Скорпија

Скорпиите се мошне посветени и страсни партнери. Со нив не треба ниту да помислувате дека би можеле да ве изневерат, но ако забележи каков било знак дека сте го изневериле, очекувајте дека ќе ви се одмазди и тоа на најлошиот можен начин.

Скорпиите може да бидат посесивни и сакаат да доминираат, а ако сакате да останете во врска со нив треба да бидете подготвени за нивното променливо расположение, но и за поголем број драми.

Близнаци

Близнаците се мошне лојални партнери, но честопати имаат проблем со комуникацијата и не знаат како да ги искажат сопствените чувства. Често може да ви се случи кога сте во врска со близнаци, во еден миг да чувствувате дека сте на седмо небо, а во следниот миг да ви делуваат затворени и како да се оддалечува од вас.

Доколку сакате да останете во врска со нив треба да бидете подготвени да им простувате за ваквото променливо расположение и да не барате премногу да ви се отворат, затоа што понекогаш и тие самите имаат проблем да се справат со сопствените емоции.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6-те хороскопски знаци со најголемо срце Лав - Тие се полни со охрабрување за саканите и секогаш подготвени да ги одбрана...
5-те хороскопски знаци кои мразат правила (со нив е најтешко, но и најзабавно) Стрелец - Тие сакаат возбуда и авантура и мразат листи со правила. Сакаат да се ...
5-те хороскопски знаци кои сакаат да се победници секогаш и секаде Јарец - Тие имаат победнички дух. Екстремно се натпреварувачки настроени и преди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg