Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Годишен хороскоп за 2022: Вага

2022 ќе биде возбудлива за Вагите, со оглед на тоа што се очекува да доживеат експанзија на повеќе полиња во животот.

godishen-horoskop-za-2022-vaga-01.jpg

Според хороскопот за 2022, Вагите ќе ги привлекува сето она што е поврзано со интелект.

Годината ќе ви донесе експлозивна енергија, ќе се стремите кон остварување на сите ваши цели и соништа, дури и ако тоа значи одење во странство – патиштата ќе ви се отворат.

Потребна ви е максимална поддршка од семејството во 2022, отворено побарајте го тоа.

Финансиската состојба можеби нема да ви донесе многу задоволство, но отворени се картите за можни добивки. Кај некои Ваги се предвидува и неочекувано наследство.

Работа и финансии

2022 година ќе им донесе на Вагите голем број можности за финансиски добивки во првите 11 месеци од годината, но парите нема да паднат од небо.

Вагите треба да ги препознаат овие шанси, да покажат храброст и да ги искористат за да можат да имаат корист од нив.

Јазични, вокални, ораторски и продажни способности се предвидуваат како поволни за дополнителни ангажмани кои може да ви донесат приход. Конечно ќе успеете да продадете нешто што долго време го чека својот ред.

Ширете ја мрежата на луѓе, дозволете им на пријателите да ве запознаваат со нивните пријатели и колеги, барајте ја секаде можноста за работа, ќе бидете изненадени од потенцијалот кој го крие оваа година во себе.

Од 30 октомври ќе бидете на финансиски удар и тоа ќе ве направи поранливи, па обезбедете си ја иднината во претходниот период.

Што се однесува до работната позиција која ја имате, се очекува да добиете поголеми одговорности и задачи, а повеќето ќе треба да ги покажат лидерските способности.

Во новата година научете да кажете не, да приоритизирате и да делегирате обврски, работете паметно, а не подолго и почнете подобро да го менаџирате времето.

Некои кариерни одлуки можеби ќе ви наликуваат на чекор назад, но ќе се покажат како добар потег на долг рок.

Љубов

Тајните љубовни афери ќе бидат популарни кај Вагите во 2022. Љубовта на прв поглед е многу возможна, но бидете свесни дека оваа возбудлива љубов ќе крие нешто или некого.

Премногу ги идеализирате работите и вљубени сте во љубовта, што може да доведе до екстремно разочарување ако не правите паметен избор на партнери.

Голема е веројатноста да се впуштите во авантура со некој кој ја предизвикува страста кај вас, а иако страста е одлична состојка во креветот, немојте да ја помешате со агресија.

Оние кои се во љубовна врска може да очекуваат натпреварувачки дух, дури и предизвици од партнерот, кои ќе им ја направат љубовта, но и животот поинтересен.

Почетокот на годината може да тргне со блага тензија и стрес во љубовниот живот, но ќе биде многу подобро веќе од март, а потоа се очекува поголем баланс и разбирање.

2022 исто така ќе биде година исполнета со настани поврзани со многу љубов и склучување брак. Избегнувајте носење љубовни одлуки од 10 мај до 3 јуни.

Ако сепак се решите за крај на врската, не дозволувајте да заврши со омраза, навреди и страдање.

Дајте си време да закрепнете, а потоа впуштете се во слободните води. Ова е година кога може да го очекувате неочекуваното.

Здравје

2022 е годината кога Вагите конечно ќе преминат преку голема психолошка бариера и во процесот ќе воспостават многу поинаков однос со сопственото тело и ум.

Знаете што сакате, а што ви пречи, што ве релаксира, а што ви создава главоболки, па стремете се повеќе кон она што му годи на вашето здравје и добросостојба.

Редовните контроли, навремените третмани и слушањето здравствени совети ќе ви помогне да се спасите од поголем проблем.

Во текот на годината, кон пролет, ќе ви се зголеми виталноста и ќе имате доволно енергија за што и да посакате да постигнете.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg