Годишен хороскоп за 2022: Скорпија

2022 за Скорпиите носи нова енергија, многу повеќе отколку минатата, се очекуваат многу дружби со саканите, патувања, како и прибирање на заслугите од изминатиот труд.

godishen-horoskop-za-2022-skorpija-01.jpg

Во текот на пролетните месеци, Скорпиите ќе заблескаат на професионално поле, а периодот ќе биде поволен за новитети во кариерата - инвестиции, нов бизнис или промена на работата.

Комуникациските способности на родените во овој знак ќе бидат засилени, а со тоа оваа година нема да поминат незабележано и постојано ќе бидат во центарот на вниманието.

Летниот период пак е најдобар за Скорпиите да поработат на односот со саканите, а есента и крајот на годината ќе биде исполнет со моменти на радост, а посебно среќата ќе им се насмевне на слободните.  

Работа и финансии

Во 2022 се очекува да ги соберете сите признанија, но и финансиски заслуги за она што го работите.

Дополнителни хонорари и бонуси се на агендата за наредните 12 месеци, па не се двоумете дали вложувањето во себе и работата е исплатливо – дефинитивно ќе биде, прифаќајте работни ангажмани.

Доколку Скорпиите сакаат да побараат покачување  на платата или унапредување, најповолен период ќе биде јуни, кога моќите на убедување ќе ви бидат најсилни.

Финансиската состојба ќе го доживее својот пик по месец септември, кога повеќе нема да се грижите дали ќе споите крај со крај.

2022 ќе биде годината кога Скорпиите ќе заблескаат со својата амбициозност и забрзано ќе ги остваруваат своите професионални цели.

Во текот на оваа година се препорачува да работите сами посебно ако станува збор за некои приватни бизниси и инвестиции, без да мешате други луѓе, бидејќи ќе дојде до конфликти.

Ова е времето кога ќе покажете за што сте способни и што можете да направите. Подгответе се за чекор нагоре по скалата на успехот.

Љубов

Ако работите не се одвиваа баш во најдобар ред во изминатите години, во 2022 Скорпиите ќе си го вратат ентузијазмот, расположението за љубов ќе им биде значително подобрено, а ќе зрачат со самодоверба.

Ретроградниот Меркур од 10-ти мај може да создаде благи проблеми во комуникацијата со саканите, навраќање на нешто од минатото, недоразбирања со децата и слични препреки кои ќе треба да ги надминете.

Покрај тензичните ситуации, Скорпиите ќе доживеат експлозивен љубовен живот и незаборавни моменти со партнерот во текот на овие 12 месеци.

Важно е да не заборавите да ги земате предвид желбите и барањата на партнерот за да го одржите балансот во врската.

Слободните Скорпии ќе сакаат авантури, но нема да одат во крајности. Се очекува да ја најдат својата сродна душа преку некои познаници или блиски пријатели.

Дури и она што ќе ви личи на љубовна игра, на крај ќе се претвори во прекрасна љубовна приказна.

Здравје

Во 2022 се препорачува да  бидете повнимателни со исхраната, а се очекува да имате многу повеќе енергија и желба за спортување.

Ова ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви овозможи да го одржувате здравјето до крајот на годината.

Генерално здравствената состојба се очекува да ви биде добра, но обрнете внимание на блокади предизвикани од емоционална природа.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Годишен хороскоп за 2026: Вага Во текот на годината ќе имате финансиска стабилност, но сепак немојте да ризикув...
Годишен хороскоп за 2026: Овен 2026-та година ќе биде охрабрувачка за Овните на повеќе нивоа. Користете ја секо...
4 хороскопски знаци кои до крајот на годината може да очекуваат огромна финансиска добивка Овни, 2026-та е голема година за вас и во што и да ги вложите парите, можете да ...
Годишен хороскоп за 2026: Близнаци 2026 година ќе ви донесе низа проблеми, во секој аспект од животот. Ако сте синг...

Најчитани неделава