Годишен хороскоп за 2022: Риби

Според хороскопот, 2022 е годината кога Рибите треба да се пуштат во акција и да се ослободат од пасивноста, знаете што сакате да постигнете, а среќата ќе ве прати за да успеете.

godishen-horoskop-za-2022-ribi-01.jpg

Финансиите многу полесно ќе доаѓаат кај Рибите во текот на оваа година, а се очекува голем дел да се искористат на патувања.

Но, еден совет на кој ќе бидете благодарни – не се фалете колку пари имате, не го сакате тоа.

Сепак, не можете да влијаете на гласините, па ќе имате можност и да видите кои ви се вистински пријатели, а со кои лажни пријатели ќе треба да се збогувате.

Рибите ќе искусат мноштво можности за раст – лично, финансиски, емоционално и духовно, здравјето ќе им биде одлично, а изгледот уште подобар.

Работа и финансии

Конечно Рибите имаат можност да прочитаат добри вести. Заслужувате година во која нема да имате препреки и ќе можете да дишете слободно без да размислувате дали ќе врзете крај со крај.

Се очекува да направите идеални договори кои ќе ви донесат приход, но ова нема да бидат лесни пари, ќе мора да го искористите интелектот и да направите некаква жртва.

Но, едно е сигурно, вашите финансиски заслуги ќе бидат огромни и нема да зажалите за целиот труд што сте го вложиле во целиот изминат период.

Многу претставници на знакот ќе доживеат успех во дополнителната работа, со скратено работно време. Тоа ќе им донесе значајни дополнувања во финансиите.

Оние кои имаат некаков талент, како готвење, занимавање со козметика или уживаат во креативност, може да си отворат приватен бизнис.

Ќе добивате голема поддршка што и да одлучите да правите, но едно е сигурно – што и да работите, ќе напредувате.

Време е да истражувате нови кариерни патеки и да достигнете нови професионални врвови.

Љубов

Новата година ќе ви овозможи нов почеток во животот, посебно на љубовно поле.

Ќе имате бројни шанси да иницирате голема лична промена, која позитивно ќе влијае и на љубовниот живот.

Полето на љубовта функционира совршено во наредните 12 месеци, нема да има никакви проблеми во односите на оние кои ја пронашле својата сродна душа.

Заедно ја планирате иднината и точно знаете што сакате да постигнете во наредниот период.

Планирајте многу патувања, забава, прослави и интимни моменти во кои ќе се посветите само на вас двајца.

Доколку сте влегле во новата година со несреќна врска во која партнерот ја има контролата над вас, сега е моментот кога треба да избегате оттаму и да го пронајдете својот посреќен пат.

Доколку пак, со оглед на сите случувања сте ја изгубиле вербата во љубовта, во 2022 се очекува да запознаете некој кој ќе ви ја поткрене возбудата на ова поле.

Ако сте слободни и барате сродна душа, 2022 е годината која ќе ви даде најдобри шанси да најдете некој со кого ќе се разбирате и само со поглед.

Во вас се крие голем романтичар и секој би посакал да може да ве има, потрудете се и вие да најдете личност која ќе го заслужи вашето срце.

Здравје

Рибите во 2022 ќе може да се пофалат и со одлично здравје и виталност.

Правите сѐ според правила, па годината ќе ви биде посветена на грижење за здравјето.

Од редовни контроли, до здрава исхрана и активности кои позитивно влијаат на вашето физичко и ментално здравје.

Имате зголемени обврски, па не сакате да дозволите тоа да ви се одрази на здравствената состојба – рутините ќе ви значат многу.

Може да бидете посклони кон повреди како истегнување, па одржувајте го телото во форма.

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Летен хороскоп за 2023: Нова љубов за Близнаците, голема авантура за Вагите Лав - Во текот на летото ќе ви биде тешко да направите баланс помеѓу приватниот ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg