Каква енергија нè очекува оваа година: Што вели нумерологијата за 2022?

На почетокот на секоја година се прашуваме што ќе ни донесе таа. Потоа се служиме со разни механизми за да го „предвидиме“ нејзиниот тек. Еден начин за да се направи ова е нумерологијата за да се процени годината врз основа на нејзиниот број.

Sto-veli-numerologijata-za-2022-01.jpg

За што поточно станува збор? Според западната нумерологија, секоја година има универзален број кој дава увид во тоа што ќе ни донесе, или барем ќе предвиди дел од настаните.

Овој број се добива многу лесно – само треба да ги соберете сите броеви од самата година и потоа, доколку е потребно, со дополнително собирање да „заокружите“ на број од 1 до 9.

На пример, во 1999 година пресметката изгледала вака: 1 + 9 + 9 + 9 = 28, што понатаму нè носи до 2 + 8 = 10, или 1 + 0 = 1.

Со 2022 година, пресметката е далеку поедноставна: 2 + 0 + 2 + 2 = 6.

Бројот 6 во нумерологијата означува рамнотежа, дом, здравје, карма, љубов, успех и помош.

Sto-veli-numerologijata-za-2022-02.jpg

Тоа е енергија која се поврзува со дисциплина, поставување граници, но и хуманитарност. Не секој може да се најде себеси во нив, но обидете се да се поврзете со овие принципи на лично ниво и да видите како тие можат да се поврзат со вас.

Конкретни примери на афирмација во врска со овие концепти би биле: како може да најдете рамнотежа во вашиот живот, дали на некој начин можете да ѝ бидете од помош на заедницата или барем на луѓето околу вас, и дали можете да ја продлабочите љубовта кон себеси за подобро физичко и ментално здравје?

Размислете како овие теми се вклопуваат во вашите планови и колку ви се важни овие прашања во животот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Една навика од која треба да се ослободите пред крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак Риби, голем дел од времето мечтаете и упорно бегате од проблемите. Ако сакате 20...
Во која област ќе ве следи најмногу среќа во 2026-та, според месецот на раѓање? Ако сте родени во јануари, годинава конечно ќе имате можност да ги наполните бат...
Најсреќниот ден од 2026-та за секој хороскопски знак Ваги, подгответе се да бидете трогнати од промените што ќе ви се случат на 25-ти...

Најчитани неделава