Хороскопски знаци кои постојано го ставаат партнерот на тест и бараат да им ја докажува љубовта

Скорпиите знаат често да манипулираат со партнерот и очекуваат тој постојано одново да им ја докажува љубовта. Кои други хороскопски знаци уживаат во тоа да ги ставаат на тест своите партнери?

horoskopski-znaci-so-koi-postojano-ste-na-test-i-koi-baraat-partnerot-da-im-ja-dokazhuva-ljubovta-01.jpg

Некои луѓе се мошне директни и отворено го прашуваат партнерот дали ги сака или не, но има и такви што постојано сакаат да играат „мозочни игри“ со партнерот и очекуваат тој да им докаже дека навистина ги сака.

Во Зодијакот може да се издвојат пет хороскопски знаци што се познати по оваа карактеристика, а во продолжение видете дали и вие или вашиот партнер сте меѓу нив (без навреда):

Близнаци

Познати се по тоа што отворено флертуваат. Тие за себе не сметаат дека се големи манипулатори, но знаат да се покажат и во такво светло.

Ако сте во врска со нив, можете да очекувате постојано да си играат „топло-ладно“ со вас, поради што во еден миг ќе почнете да се чувствувате несигурно и ќе сметате дека постојано сте на тест.

Од друга страна, пак Близнаците веруваат дека секој човек има по некоја карактеристика заради која вреди да биде сакан и дека луѓето треба да ги гледаат вашите добри, но не и лошите страни.

Шармантни се и знаат што прават, но не сакаат луѓето да креваат премногу прашина поради тоа.

Вага

Вагите не сакаат да бидат сами и кај нив постои тенденција бргу да влегуваат од врска во врска.

Тие постојано сакаат да направат луѓето околу нив да се чувствуваат убаво, но, сепак понекогаш знаат да му приредат и „мозочен тренинг“ на партнерот и да го стават на тест.

Често се случува на тој начин да создадат несигурност кај партнерот и да направат непотребна тензија во врската.

Скорпија

Како партнери се мошне интензивни, а често знаат да манипулираат и да играат мозочни игри со партнерот.

Скорпиите се познати и по тоа што бараат партнерот постојано и одново да им докажува колку многу ги сака.

Нивните партнери постојано се на тест, што некогаш може да биде мошне напорно.

Уште полошо е тоа што со нивната мистериозна природа честопати долеваат бензин на огнот, па со нив вообичаено може да се справи само силна личност што поседува многу трпение.

Стрелец

Стрелците се слободни како птици, а нивен најголем страв е да бидат врзани или затворени во кафез.

Тие се плашат од сериозни врски и сметаат дека партнерот ќе ги зароби, дури и кога не прави ништо такво и им ја дава целата слобода.

Особено сакаат да манипулираат со партнерот кога се чувствуваат ограничено и непотребно го тестираат партнерот.

Риби

Знаат да бидат мошне сурови ако си поигрувате со нивното трпение. Обично стонастотно се посветуваат на врските, но знаат да глумат и жртви и да манипулираат со партнерот, па да бараат постојано да им каже колку многу ги сака.

Често знаат да го направат партнерот љубоморен, со што може или да го подобрат односот со партнерот или сосема да ја раскинат врската.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
6 хороскопски парови кои ќе имаат најепска љубов (и зошто) Овен и Стрелец – авантуристите: Тие се страсни, огнени и подготвени се да го осв...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg