Хумористичен хороскоп: Какви се знаците веднаш по будењето - кој е подвижно „зомби“, а кој спремен за акција?

Карактерот на хороскопските знаци го открива начинот на кој секој од нив го започнува утрото и оди во нови победи.

humoristichen-horoskop-kakvi-se-znacite-vednash-po-budenjeto-koj-e-podvizhno-zombi-a-koj-spremen-za-akcija-01.jpg

Еве како изгледа будењето на астролошките знаци, односно колку знаци се подготвени за новиот работен ден, а кој прв се фаќа за телефонот или огледалото.

6 часотДевицата се буди прва и пред туширањето ја чисти бањата. Откако ќе ги измие забите, си ја става четката во стерилизирана кутија на посебно место, подалеку од четките за заби на сите останати.

6 часот и 15 минутиЈарецот станува и веднаш го исклучува бојлерот, бидејќи се ближи времето кога евтината струја ќе прекине.

6 часот и 20 минутиВодолијата оди на утринско трчање.

6 часот и 30 минутиВагата и Лавот се пред огледалото и почнуваат да се расправаат за хидратантниот крем и гелот за коса.

6 часот и 40 минутиБикот појадува чоколаден крем со голема лажица за супа.

6 часот и 45 минутиСтрелецот се буди и повторно го вклучува бојлерот.

7 часотРакот подготвува сендвичи, Девицата цеди свеж сок. Близнаците се сè уште во креветот и си ги проверуваат сите друштвени мрежи на телефоните.

7 часот и 5 минутиСкорпијата ја крши вратата од тоалетот. Вагата полека излегува, смртно навредена, со огромен несесер во рацете.

7 часот и 10 минути – Се буди Овенот и вклучува штоперица.

7 часот, 11 минути и 45 секундиОвенот е веќе истуширан, облечен, дотеран, се симнува по скалите и насмеано мавта. Ја исклучува штоперицата со која го мереше времето.

7 часот и 15 минути Бикот го гребе дното на теглата со лажицата. „Нема повеќе крем“, тажно констатира.

7 часот и 20 минутиВагата и Лавот повторно имаат тепачка пред огледалото, последни проверки во кои секој се воодушевува на сопствениот изглед.

7 часот и 30 минутиВодолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

7 часот и 40 минути – Сите си заминуваат.

7 часот и 45 минутиБлизнаците се враќаат, едниот од нив го има заборавено телефонот од вкупно 3 што ги поседува.

7 часот и 50 минутиБлизнаците повторно се враќаат, сфатиле дека си го заборавиле паричникот.

8 часотРибите се будат и сфаќаат дека сите се веќе излезени, а тие се сами и заклучени во куќата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...

Најчитани неделава