Кавгите се неизбежни – 6-те најтоксични парови во астрологијата

Додека Раковите не сакаат промени, Стрелците се авантуристи кои постојано сакаат да истражуваат. Па, нивната романтична врска веројатно нема да трае долго.

karanicite-i-nedorazbiranjata-se-neizbezhni-6-te-najtoksichni-parovi-vo-astrologijata-01.jpg

Кога станува збор за љубов, астрологијата може да открие многу.

Дали два знака имаат заеднички интереси и карактеристики? Дали ќе се согласуваат? Дали ќе можат да направат компромис и, генерално, дали се компатибилни?

Обично се фокусираме на совршените парови од астрологијата, но овојпат погледнете кои астролошки парови се најтоксични и веројатно не би издржале долго заедно:

Лав и Рак

И покрај тоа што помеѓу Лавот и Ракот може да се јави голема привлечност, нивната врска најверојатно нема да функционира.

Лавовите неретко не внимаваат што кажуваат, можат нагло да си го променат расположението и настојуваат да ги критикуваат нивните партнери.

Раковите, пак, сето ова го сфаќаат премногу лично, но обично не кажуваат дека се повредени.

Па, со текот на времето, ќе почне да се развива аверзија и кога-тогаш ќе настане огромна караница која најверојатно ќе значи и крај на врската.

Јарец и Водолија

Она што им е заедничко на Јарецот и Водолијата е тоа што и двата знака се амбициозни и посветени. Но, тие сосема различно им пристапуваат на нивните амбиции и цели, а ова може да претставува проблем во нивната романтична врска.

Додека Јарците сакаат сè да биде совршено, на Водолиите им е поважно само да ја завршат задачата.

Со текот на времето, во нивната врска Водолијата може да стане многу доминантна, а извесен период Јарецот ќе го трпи ова.

Но, кога-тогаш Јарецот ќе ја покаже желбата за независност и ќе почнат токсичните расправии.

Девица и Близнаци

Најголемата разлика кај Девиците и Близнаците е тоа што Девиците се практични, додека Близнаците сакаат да мечтаат.

Додека Девиците се фокусираат на тоа како да направат нешто, Близнаците само сонуваат за крајната цел и не ни мислат како ќе ја реализираат.

Нивната врска нема да функционира бидејќи ќе биде исполнета со недоразбирања, двосмислени зборови и нереални очекувања.

Овие разлики ќе предизвикаат презир и нивниот однос драстично ќе се влоши.

karanicite-i-nedorazbiranjata-se-neizbezhni-6-te-najtoksichni-parovi-vo-astrologijata-02.JPG

Вага и Бик

Вагите и Биковите се премногу слични, но ова е една од причините зошто нивната врска е осудена на пропаст.

И двата знака се самоуверени и лојални, но лојалноста на Бикот може да изгледа како желба за контрола за Вагата.

Истовремено, потребата на Вагата секојпат да биде во право ќе предизвика многу расправии поради тврдоглавоста на Бикот.

Ако настане конфликт и за најмалото нешто, како бојата на ѕидовите во дневната, Вагата и Бикот ќе започнат војна и никогаш нема да направат компромис.

Скорпија и Риби

И Скорпиите и Рибите се емотивци, но го покажуваат тоа на сосема поразлични начини.

Скорпиите се интензивни и бурно ги откриваат емоциите, додека Рибите се многу посмирени. Скорпиите можат да бидат многу невнимателни, а Рибите се далеку поодговорни.

Рибите сакаат да се чувствуваат слободно, поради што Скорпиите ќе почнат да чувствуваат љубомора бидејќи не добиваат доволно внимание.

Сите овие разлики можат да создадат раздор помеѓу нив.

Стрелец и Рак

Стрелците и Раковите немаат речиси ништо заедничко.

Раковите сакаат да му се посветат на домот и се држат до само неколку личности и хобија. Стрелците, од друга страна, се авантуристи – сакаат да истражуваат, да откриваат нови нешта и да сретнуваат нови луѓе.

Поради ова, доста често Стрелецот ќе сака промена, додека Ракот ќе се противи на тоа.

Со текот на времето, сето ова ќе ја уништи нивната врска.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Кое е вашето животно мото, според хороскопскиот знак? Рак - Домот е онаму каде што е срцето. Во животот, сите се водиме според некои н...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg