Зошто денешниот ден, 5-ти март, ќе биде најсреќниот ден во годината за сите хороскопски знаци?

Годинава, Сонцето и Јупитер ќе се сретнат во знакот Риби, а денешниот ден, 5-ти март, ќе биде најсреќниот ден во годината за сите хороскопски знаци, само треба да останете позитивни и активни. Зошто овој ден се смета за најсреќен во годината и што значи тоа за хороскопските знаци?

najsrekjen-den.jpg

Според астролозите секоја година има по еден ден што е „најсреќниот ден во годината“ или „ден на чудата“, што еднакво се одразува на секој од хороскопските знаци. Годинава тоа ќе се случи денес, на 5-ти март.

На овој ден ќе се случи конјукција помеѓу Јупитер и Сонцето, што поволно ќе се одрази врз сите хороскопски знаци.

astrolozite-tvrdat-5-ti-mart-e-den-na-chudata-za-site-horoskopski-znaci-zoshto-povekje-03.jpg

За оние неупатените, во астрологијата мошне се важни аспектите (аглите) што планетите и небесните тела ги прават меѓу себе, па така конјукцијата е еден од најповолните аспекти, а се случува кога две планети ќе се сретнат, односно ќе се најдат една до друга во права линија и во наталната карта, имаме преклопување.

Со други зборови, Сонцето и планетата на среќата Јупитер на 5-ти март ќе бидат во иста позиција, со што нивните позитивни енергии ќе се здружат и ќе донесат подеднакво среќа за сите хороскопски знаци.

astrolozite-tvrdat-5-ti-mart-e-den-na-chudata-za-site-horoskopski-znaci-zoshto-povekje-04.jpg

Сонцето е владетел на нашата самодоверба и ни дава мотивација, а Јупитер е планетата на среќата, па така на овој ден може да се очекува дека хороскопските знаци ќе бидат мотивирани за остварување на сопствените цели, а Јупитер е тука за да им даде малку среќа и „ветер во грб“ за да помогне да се остварат „чудата“.

astrolozite-tvrdat-5-ti-mart-e-den-na-chudata-za-site-horoskopski-znaci-zoshto-povekje-05.jpg

Јупитер секоја година се наоѓа во различен знак од Зодијакот, а годинава со Сонцето ќе се сретнат во знакот на Риби – знакот познат по големата емпатија, имагинација и креативност, кој се стреми за надминување на сите препреки и ограничувања.

astrolozite-tvrdat-5-ti-mart-e-den-na-chudata-za-site-horoskopski-znaci-zoshto-povekje-07.jpg

Кога овие две планети ќе се сретнат тие кај хороскопските знаци будат желба да поправат сѐ што не им се допаѓа и даваат сила тоа да го завршиме.

Без разлика дали станува збор за работата, љубовниот живот или некоја важна одлука што сте ја одолговлекувале, денешниот ден е денот кога ќе можете да ги реализирате сопствените соништа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...

Најчитани неделава