Какви се хороскопските знаци во сексот - кој има највисоко либидо, кој најбујна фантазија? (18+)

shto-mozhe-da-ochekuvate-od-seksot-so-sekoj-od-horoskopskite-znaci-koj-e-romantichar-a-koj-sonuva-za-preverzii-02.jpg

Вага

За Вагите конекцијата е најважна. Тие се едни од најромантичните хороскопски знаци и посакуваат еротски искуства со луѓе што им се слични.

Кога со некого се подолго време во врска, сакаат да ги „зачинат“ работите па да експериментираат со „игри на улоги“, а во врските без обврски цврсто ги поставуваат сопствените граници.

За време на сексуалниот чин, важна им е конекцијата со очите, комуникацијата, а од партнерот очекуваат да биде интелигентен и да има добра смисла за хумор.

Скорпија

Тие се познати како хороскопскиот знак на кој сексот му е најважен. За нив се важни страста, еротиката и магнетската привлечност.

Сакаат сексуални искуства во кои може да ги истражат сопствените граници, а копнеат за поврзаност со партнерот на психолошки, но и на физички план.

Тие се воден знак, за кого емоциите се мошне важни, но уживаат и во секс без обврски во кој честопати сакаат да доминираат и да стекнат нови искуства.

Стрелец

Стрелците често се спонтани кога станува збор за сексот. Тие се авантуристи што често ги води либидото, а постојано се во потрага по нови искуства и имаат огромен сексуален апетит.

Сакаат секс без обврски и да експериментираат со секс-пози и со различни партнери, а важат за луѓе што тешко стапуваат во врски.

За нив е мошне важно сексот постојано да биде нова авантура, а во оној миг кога ќе им стане здодевно можете да очекувате да ве напуштат.

Јарец

Јарците не сакаат да експериментираат. За нив сексот треба да биде практичен и не сакаат работи што се непредвидливи и непостојани.

Јарците имаат силно либидо, а сакаат партнери што во целост ќе им се потчинат и ним и на нивните желби.

За да се впуштат во сексуална авантура со некого потребно им е да имаат голема доверба во партнерот, а не се срамат од тоа да ги покажат сопствените чувства и емоции.

Водолија

Како и за сѐ друго така и во сексот Водолиите не сакаат вообичаени и здодевни работи. Често се подготвени за тоа да ги категоризираат различните секс-пози, партнери и ситуации што ги пробале.

Тие се склони кон нетрадиционални врски и сексуални односи.

За нив сексот претставува истражување на човечката психологија и на човечкиот ум. Со нив може да очекувате дека ќе сакаат да пробаат работи што за другите хороскопски знаци се незамисливи.

Риби

Рибите се познати романтичари, па така посакуваат сексуални искуства што ќе им го подобрат расположението и ќе им овозможат да се ослободат од сите грижи.

Мошне се чувствителни, емотивни, а најголемото задоволство го доживуваат само кога целосно му веруваат на партнерот.

За нив сексот е начин за подобро зближување со партнерот, па затоа може да очекувате дека бараат поголема интимност, нежен и романтичен начин на водење љубов.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg