Како жените во секој хороскопски знак му се „одмаздуваат“ на партнерот кога ќе им згреши?

Рибите ќе го искористат шармот за да ви покажат дека нема потреба да им се лутите, Лавовите ќе почнат да изневеруваат, а од Девиците ќе ве заболи глава. Како секој хороскопски знак му се одмаздува на партнерот?

kako-zhenite-vo-sekoj-horoskopski-znak-mu-se-odmazduvaat-na-partnerot-koga-kje-im-zgreshi-01.jpg

Кога партнерот ќе нѐ изнервира сите имаме по една навика со која што му се одмаздуваме за неправдата што ни ја нанел, а според астролозите секој хороскопски знак има по една одмазда по која е препознатлив.

На кој начин му враќате на партнерот кога ќе ве изнервира според хороскопот?

Овен

Кога се изнервирани од партнерот, Овните најчесто сакаат да покажат дека воопшто не мислат на него и чекаат да видат дали тој ќе работи понапорно за да го придобие нивното внимание.

Тие се полни со самодоверба и знаат дека партнерот ги сака – но, забавно им е да го предизвикуваат и да го натераат да се докаже.

Бик

Мошне се тврдоглави и имаат традиционални сфаќања, па сакаат вистински џентлмени што им отвораат врати и им се јавуваат наместо да им пишат порака.

Кога партнерот ќе ги повреди, тој не треба да очекува дека тие први ќе му пишат порака или ќе го побараат, без разлика на тоа колку го сакаат.

Тие ќе чекаат со денови од партнерот да им се извини за неправдата што им ја нанел и нема да попуштат, а нема ниту да заборават колку долго време му требало за да им се извини.

Близнаци

Познати се по нивното променливо расположение и по тоа што сакаат да играат „топло-ладно“ со партнерот. Еден ден се вљубени до уши, а другиот ден го игнорираат, како да не постои.

Ако партнерот им згреши и ако се сигурни дека сакаат да стават крај, тие веднаш го прават тоа и лесно забораваат дека некогаш постоел.

Дополнително, никогаш нема да му дадат конкретно објаснување на партнерот каде згрешил и ќе очекуваат тој самиот да се сети.

Рак

Ако партнерот им згреши тогаш треба да очекува изливи на емоции, целосно отфрлање и дистанцирање.

Раковите се познати дека имаат променливо расположение, а честопати знаат како да манипулираат со емоциите на партнерот.

По секоја грешка очекуваат партнерот да ја покаже својата непоколеблива лојалност кон нив.

Лав

Кога Лавот ќе реши да влезе во врска најчесто е лојален и верен, но кризите и недоразбирањата во врската може да го натераат да почне да изневерува.

Лавовите не сакаат партнерот да стане премногу комфорен во врската и да престане да ги освојува и да им посветува внимание.

Кога партнерот ќе ги изнервира Лавовите уживаат да покажат дека пред себеси имаат голем број опции и дека бараат целосно внимание, а во екстремни случаи кога не го добиваат тоа што го посакуваат, се одмаздуваат со неверство.

Девица

Познати се како критичари кои постојано се преиспитуваат себеси за сите одлуки што ги донеле.

Кога партнерот ќе ја изнервира, тој од Девицата може да очекува бурна дискусија во која ќе му ги образложи сите аргументи во стилот на „про“ и „контра“, со што најверојатно ќе му зададе и главоболка.

Девиците не сакаат да си поигруваат игри со партнерот и најчесто директно ќе кажат што ги изнервирало.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
3 хороскопски знаци кои мечтаат за едноставен живот на село (и да си одгледуваат своја храна) Вага: Сакаат да бидат надвор, да уживаат во едноставен живот во рурална средина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg