Како да го „преживеете“ вториот ретрограден Меркур овој мај-јуни?

Некои луѓе во овој период се полни со енергија, а некои имаат чувство дека ги трошат последните атоми енергија. Некои може да очекуваат раскинувања, а други помирувања со поранешниот партнер. Како да го преживеете ретроградниот Меркур и како тој влијае на секое поле во животот?

retrogradniot-merkur-predizvikuva-raskinuvanja-no-i-smiruvanja-so-poraneshnite-partneri-kako-da-go-prezhiveete-01.jpg

Меркур орбитира околу Сонцето за 88 дена, а на планетата Земја ѝ се потребни 365 дена за да направи цел круг околу Сонцето.

Набљудувано од Земјата, четирипати во годината се создава оптичка илузија дека Меркур се движи наназад, односно ретроградно (слично како кога некој многу брз автомобил ќе нѐ претекне на автопат, а нам ни се чини дека се движи наназад).  

Во периодот од 10-ти мај до 3-ти јуни Меркур е ретрограден, а тоа според астролозите значи дека за некои луѓе, сѐ што може да тргне наопаку во животот, ќе тргне.

retrogradniot-merkur-predizvikuva-raskinuvanja-no-i-smiruvanja-so-poraneshnite-partneri-kako-da-go-prezhiveete-02.jpg

Во астрологијата, Меркур се поврзува со комуникацијата, а кога е во ретроградна фаза тоа значи дека неговото влијание може да создаде вистински хаос во вашите животи.

Прекини во комуникацијата, недоразбирања, кавги со пријателите и со членовите во семејството, проблеми за време на патувања, загубени документи, проблеми со технологијата, анксиозност, главоболки... Ова се некои од најчестите проблеми што може да настанат под влијание на ретроградниот Меркур.

Во продолжение да погледнеме како да го преживееме овој период без да дозволиме да предизвика поголеми турбуленции на секое поле во нашите животи.

retrogradniot-merkur-predizvikuva-raskinuvanja-no-i-smiruvanja-so-poraneshnite-partneri-kako-da-go-prezhiveete-03.jpg

Работа

На работното место во овој период можете да очекувате да преовладува атмосфера во која ќе чувствувате притисок, постојан натпревар, љубомора и завист кај колегите.  

Со оглед на тоа што Меркур првично влијае врз комуникацијата, добро ќе биде да не избрзувате со коментари и заклучоци, туку добро да размислите пред да кажете нешто.

Исто така, при потпишување договори и други легални документи бидете сигурни дека сте ги прочитале добро и дека сте сигурни за сите детали внатре.

Дополнително, правете почесто зачувување на материјалите и документите на кои работите, за да избегнете последици од ненадејните проблеми што може да „искрснат“ додека работите.

retrogradniot-merkur-predizvikuva-raskinuvanja-no-i-smiruvanja-so-poraneshnite-partneri-kako-da-go-prezhiveete-04.jpg

Љубов

Во романтичните врски влошената комуникација со партнерот може целосно да ви го наруши односот, па да доведе до раскинување или разводи.

Доколку забележувате дека комуникацијата не е на највисоко ниво, тогаш можеби е подобро да се обидете да останете смирени и да му дадете простор на партнерот.

Обидете се да размислите добро пред да почнете да го обвинувате партнерот за тоа што го прави.

Освен што може да предизвика раскинувања, ретроградниот Меркур може да ве врати наназад кон поранешниот партнер. Ова може да биде одличен период за оние што долго време копнеат да ја обноват врската со поранешните партнери.

retrogradniot-merkur-predizvikuva-raskinuvanja-no-i-smiruvanja-so-poraneshnite-partneri-kako-da-go-prezhiveete-05.jpg

Здравје

Во овој хаотичен период најважно би било повеќе внимание да си посветите себеси.

Не ги заборавајте ритуалите за здрава и негувана кожа, дозволете си да одморите и да дишете длабоко.

Добро би било доколку можете поголем дел од овој период да го поминете во природа и секако да не ги занемарувате вежбите.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2022: Рак За родените во знакот на Рак, 2022 ќе дојде со значајни промени, посебно во сфер...
Три хороскопски знаци во кои жените процветуваат по 50-тата година (и се најуспешни) Стареат како виното и со годините стануваат поубави и поуспешни. Жените родени в...
Една причина заради која стоите во место и не напредувате во животот, според хороскопскиот знак Сите имаме одредени идеи, цели и потреби во животот. Но, одредени карактери...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg