Како (несвесно) си го уништувате животот, според вашиот хороскопски знак?

Рибите привлекуваат токсични луѓе и бараат начин да ги оправдаат нивните лоши постапки, додека Водолиите не можат да си простат ни за најмалите грешки од минатото.

kako-nesvesno-si-go-unishtuvate-zhivotot-spored-vashiot-horoskopski-znak-01.jpg

Факт е дека во поголемиот дел од животот, ние самите сме нашите најголеми непријатели.

Нашата несигурност, нашите стравови, нашите недостатоци и лоши навики се нештата кои имаат најголемо (негативно) влијание врз нашиот живот.

Проблемот е што неретко не сме ни свесни за овие наши одлики од кои немаме корист и само ни го уништуваат животот.

Како вие несвесно си го уништувате животот според хороскопскиот знак?

Овен

Вие си го уништувате животот со тоа што ѝ дозволувате на негативноста да ве надвладее.

Проблемите со контролирањето на темпераментот и тврдоглавоста, пак, само ви ја влошуваат ситуацијата.

Неретко сте „заглавени“ во вашиот песимистички свет, а луѓето околу вас не сакаат да бидат дел од тоа.

Бик

Не го живеете животот со полни гради, а токму на овој начин и го уништувате.

Имате потреба секогаш да контролирате сè, а кога ова не ви успева, го „истурате“ гневот врз саканите.

Тешко ви е да сфатите дека некои луѓе и ситуации се надвор од ваша контрола, дека животот е непредвидлив и дека треба да ја сакате спонтаноста.

Близнаци

Брзо се помирувате со секоја ситуација, дури и кога знаете дека заслужувате подобро. Не сте сигурни што сакате, се плашите од промени, па останувате заглавени на место што не ве прави среќни.

Сето ова, нормално, ви го уништува животот.

А, поради вашата неодлучност, неретко ги повредувате и саканите, па тие почнуваат да се оддалечуваат од вас.

Рак

Вие си го уништувате животот со тоа што секојпат ги ставате туѓите потреби пред вашите.

Не можете да си ги средите емоциите, не обрнувате внимание на себе и секогаш приоритет ви се другите луѓе.

А, кога не внимавате на себе, кога не ги задоволувате ни вашите најосновни потреби, нормално дека нема да бидете среќни.

Лав

Мислите дека ранливоста е знак за слабост, па ги криете вашите емоции, а ова има деструктивно влијание врз вашиот живот.

Без проблем глумите дека сте бестрашна личност која не се грижи за ништо. Длабоко во себе знаете дека ова не е точно, но наместо да разговарате за негативните емоции, вие ги закопувате уште подлабоко.

Мора да сфатите дека тагата и ранливоста не ве прават слаби.

Девица

Вие сте толку строги кон себе и имате толку високи очекувања од себе, што не можете да си дозволите да уживате ни за миг.

Вие сте вашиот најголем критичар и ја користите секоја можност да ги истакнете вашите недостатоци.

Истовремено, сакате да глумите несебичност и секогаш приоритет ви се туѓите потреби.

Сето ова само го уништува вашиот живот.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои треба да водат подобра грижа своето ментално здравје Девици, вие сте перфекционист, но не треба да дозволите ова да влијае врз состој...
Каков пресврт го очекува секој хороскопски знак во наредните 3 месеци, заради затемнувањето на Сонце... Риби, затемнувањето на Сонцето има влијание врз вашиот духовен развој и следните...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg