Зошто партнерите не можат да ве преболат според вашиот хороскопски знак?

Zosto-partnerite-ne-mozat-da-ve-prebolat-spored-znakot-02.jpg

Вага

Уживате во малите нешта, ве исполнуваат ситниците. Секогаш внесувавте доза на страст во работите што ги правевте заедно, без разлика дали станувало збор за луда ноќ во дискотека или релаксирачка вечер дома.

На луѓето им недостасува чувството на удобност кое сте го нуделе и како сите обични нешта се стопати позабавни, со самото тоа што сте свои.

Скорпија

Имате заразна љубопитност и желба за учење нови работи. Нема досаден ден со вас, секој ден е ново искуство и тоа е она што им недостига на поранешните партнери од животот со вас.

Сте ги фасцинирале на начин кој ретко кој друг може да го копира. Подоцна сфаќаат дека сте толку многу оригинални и никогаш нема да сретнат некој ни приближно сличен како вас.

Стрелец

Ги натеравте да се чувствуваат прифатени и сакани токму поради тоа што се. Имате дарба да го пронајдете доброто во секој човек околу вас.

Им недостигате поради вашиот надежен и оптимистички начин на гледање на светот и им недостасува да бидат покрај некој кој постојано им го подигнува духот, без разлика како се чувствуваат во моментот.

Јарец

Луѓето се чувствувале како најдобрата можна верзија од себеси покрај вас. Имате таква амбиција и таков инстинкт за преживување, па партнерите се чувствуваат константно инспирирани од вас.

Им недостига личност во животот која имала цел и знаела како да ја достигне, и некој што ги предизвикува да бидат подобри секој ден, а притоа секогаш задржувајќи ја нивната (уникатна) смисла за хумор.

Водолија

Со вас, никогаш нема здодевен или неинтересен разговор. Вашата фасцинација од светот и жедта за знаење се некои од нивните омилени работи кај вас и навистина им недостига некој со кој би можеле да учат и споделат интересни идеи и некој кој им покажал дека светот е многу поголем од нив самите и од нивниот мал розов балон.

Риба

Знаете како да ги натерате луѓето да се погледнат себеси во огледало и да направат свесен напор за подобро да разберат кои се.

Никогаш не сте ги натерале да се чувствуваат како да се под притисок, но сте ги натерале да посакаат подобро да се разберат себеси.

Им недостасува вашето сочувство и вашата бескрајна интроспекција со цел подобрување на сопствената личност.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...
Како секој хороскопски знак сам си ја уништува љубовната врска? Многу Водолии не можат да преболат некоја стара љубов. Тие често мислат на ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Кој нордиски бог ве опишува најдобро, според хороскопскиот знак? Близнаци, вие сте најслични со итриот Локи. Како него, вие сте непредвидливи и б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg