Со каква личност не би издржале во врска, според вашиот хороскопски знак

so-kakva-lichnost-ne-bi-izdrzhale-vo-vrska-spored-vashiot-horoskopski-znak--02.jpg

Вага

Вие не можете да бидете во врска со агресивна личност.

Сакате мир, тишина и хармонија, па ако некој го нарушува ова, тешко дека ќе го сакате.

Не можете да поднесете некој да ви создава непотребен притисок или да почнува караници и за најмалите ситници.

Скорпија

Врската со пасивна личност ќе биде вистинска тортура за вас.

Вие сакате енергичен партнер кој некогаш ќе ви создава и предизвици. Сакате партнер кој ќе ви покаже колку сте посебни и кој е исто страстен како вас.

Стрелец

Веројатно не би биле среќни во врска со личност која настојува да им суди на другите.

Вие сте сестрана личност која има буквално секакви пријатели, па нема да поднесете ако вашиот партнер ги критикува овие пријатели.

Јарец

Бидејќи сакате стабилност и ред, нема да издржите долго во врска со несигурна и нестабилна личност.

Воопшто нема да бидете среќни ако вашиот партнер нема самодоверба и никогаш не презема иницијатива, без разлика дали на приватно или професионално поле.

Водолија

Вие нема да бидете среќни во врска со личност која следи традиции и норми и никогаш не презема ризици.

Вам ви е потребен партнер кој ќе ја поддржува вашата креативност и ќе биде покрај вас и за вашите најлуди идеи.

Риби

Бидејќи сте емотивна личност, не би издржале долго со личност која ги крие своите емоции или која не им придава значење на вашите.

Вие сакате партнер кој е во допир со своите емоции и не се плаши да ги покаже.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои треба да водат подобра грижа своето ментално здравје Девици, вие сте перфекционист, но не треба да дозволите ова да влијае врз состој...
Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн...
Каков партнер му треба на секој хороскопски знак (за бракот да трае долго)? Девица – Ви треба личност што ќе ги почитува вашите граници, но ќе знае како да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg