Кои хороскопски знаци сакаат секс набрзина и се подготвени да ја прескокнат предиграта? (18+)

Дали сакате секс набрзина или пак сте од оние што сакаат да уживаат во интимниот чин со часови?

koi-horoskopski-znaci-sakaat-seks-na-brzina-i-podgotveni-se-da-ja-preskoknat-predigrata-18.jpg

Според астролозите хороскопскиот знак влијае и на тоа каков секс сакате. Дали сте од оние што брзо им се препуштаат на страстите и сакаат бурен, авантуристички и брз секс или сте од оние што бараат романтична атмосфера и долга предигра?

Во продолжение погледнете кои хороскопски знаци сакаат брз секс и се подготвени да ја прескокнат предиграта:

Овен

Кога нешто сакаат да постигнат, Овните веднаш донесуваат одлука и не се двоумат, па така е и со сексот.

Тие не се егзибиционисти, но се страсни и импулсивни – па така препознатливи се по тоа дека ако сакаат нешто да направат - тоа го прават кога сакаат и како сакаат.

Брзо им се препуштаат на страстите, па често се подготвени и за авантуристички секс на отворено или со минимална приватност.

Стрелец

Стрелците не се опседнуваат со туѓото мислење. Најчесто се авантуристи што се самоуверени и задоволни од сопствениот изглед, кои се во постојана потрага по слобода.

Припадниците на овој хороскопски знак ги возбудува брзиот секс и не размислуваат премногу за местото или околината каде ќе им се препуштат на страстите.

Постојано се подготвени за нови авантури.

Близнаци

Близнаците секогаш се подготвени за нова авантура. Познати се по тоа што сакаат да пробаат што е можно повеќе нови работи, па немаат време премногу да се посветат на секој момент од животот, а тоа се однесува и на сексот.

Не сакаат премногу да планираат, а сексот со нив најчесто е без премногу емоции. Сепак, сакаат да експериментираат и да пробуваат нови работи, а секогаш се подготвени за брз секс.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава