Што ја прави секоја жена совршена сопруга, според хороскопскиот знак

Жените родени во знакот Близнаци се интелигентни и секогаш го тераат партнерот да размислува подлабоко за светот околу него.

shto-ja-pravi-sekoja-zhena-sovrshena-sopruga-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Секоја жена има некоја карактеристика со која се истакнува над другите. Кај некои тоа е љубопитноста, кај некои интелигенцијата, а кај некои безусловната поддршка што се подготвени да му ја дадат на партнерот.

Што ја прави секоја жена совршена сопруга, според хороскопскиот знак?

Овен – нејзината независност

Жената Овен знае што сака и нема да се помири со ништо помалку од тоа.

Секогаш го кажува своето мислење и е мошне независна.

Никогаш не зависи од некој друг, дури ни партнерот, па штом е со некој, значи вистинско го сака и цени.

Бик – нејзината лојалност

Кога е вљубена, жената Бик целосно му се посветува на партнерот.

Овде е за среќните моменти, но секогаш дава поддршка и во тешките мигови.

Можеби на овие жени им треба да време да се вљубат, но штом ќе се вљубат, љубат со целото срце.

Близнаци – нејзината интелигенција

Жените Близнаци се многу интелигентни, образовани и љубопитни.

Тие сакат да дискутираат за големи идеи и секогаш го предизвикуваат партнерот да размислува подлабоко за светот околу него.

Овие жени ги мотивираат нивните партнери постојано да учат и да почнат да размислуваат на нов начин.

Рак – нејзината грижливост

Нема погрижливи жени од оние родени во знакот Рак.

Тие секогаш ги земаат предвид потребите на партнерот, а некогаш ги ставаат и пред нивните.

Ќе направат сè за партнерот да се чувствува среќно и сакано и секогаш ќе бидат овде за него.

Лав – нејзината романтичност

Жените во знакот Лав навистина знаат како да ја покажат љубовта на најромантичните начини.

Тие сакаат бакнежи и прегратки и кога се вљубени, сакаат целиот свет да го знае тоа.

Штом стапиле во брак, тоа значи дека навистина се горди на партнерот и го сакаат со целото срце.

Девица – нејзината посветеност

Девиците целосно му се посветуваат на партнерот и ни за миг не забораваат да ги земаат предвид неговите чувства.

Тие секогаш покажуваат почит кон партнерот, а штом решиле да стапат во брак со него, значи навистина го ценат.

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Која секси игра на улоги му е омилена на секој хороскопски знак (и зошто)? Во голем број текстови се спомнува секси играта на улоги како начин да ѝ дозволи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg