Кои хороскопски знаци нема веднаш да ги прекинат токсичните врски (и зошто)?

На некои им треба време да размислат дали ја носат вистинската одлука, други се ставаат во кожа на партнерот и се обидуваат да го сфатат. Кои три хороскопски знаци им даваат шанса и на токсичните врски?

koi-horoskopski-znaci-nema-vednash-da-gi-prekinat-toksichnite-vrski-i-zoshto-01.jpg

Можеби на почетокот нештата биле идеални, но некаде на половина пат, овие луѓе се освестиле дека нивниот партнер има своја темна страна и дека врската со него е токсична, а сепак не ставаат крај. Зошто?

Според астролозите некои хороскопски знаци почесто се одлучуваат да останат во токсични врски од другите.

За кои хороскопски знаци станува збор и зошто го прават тоа?

Вага

За романтичните и емотивни Ваги, навистина може да биде тешко кога многу подоцна во врската ќе сфатат дека нивниот партнер не е таков како што им се претставил на почетокот.

Обично долго време се двоумат за да донесат одлука, затоа што сакаат да бидат 100% сигурни дека ја донеле вистинската одлука.

Како и да е, откако ќе помине времето што им е потребно за да бидат сигурни дека сакаат да стават крај на врската, Вагите си заминуваат и нема ниту еднаш да се свртат наназад.

Скорпија

Имаат силна интуиција и ретко може да им се случи да влезат во врска со погрешната личност, но ако се заедно со уште една Скорпија може да почувствуваат дека интензивната врска ги повредува.

Во таков случај тешко ставаат крај, затоа што сметаат дека нивниот партнер поминува низ истиот пекол.

Понекогаш може целосно да се изолираат од надворешниот свет или да бидат постојано „залепени“ за партнерот, а секогаш отворено ќе признаат дека и нивната љубов знае да биде токсична.

Овен

Во летниот период Овните сакаат до себеси да имаат партнер со кого заедно ќе одат на забави или на одмор, или пак со кого ќе ги поминат жешките летни ноќи.

Знаат дека врската нема иднина, но остануваат со партнерот затоа што не сакаат на ниту еден настан да одат сами.

Понекогаш, на почетокот на летото може да се случи да влезат во врска со токсична личност, но нема да стават крај на врската и ќе го „влечат“ партнерот за нос затоа што не сакаат да бидат сами за време на сите случувања.

Кога ќе помине сезоната, тие веднаш ќе стават крај на врската.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава