4 хороскопски знаци кои најсурово ќе ви дадат „корпа“, ако не им се допаѓате

Вие им пишувате љубовни стихови, правите сè за да им покажете дека навистина ви се допаѓаат и очекувате барем ако ве откачат, тоа да го направат со барем малку достоинство. Кои хороскопски знаци се најсурови кога треба да ѝ дадат „корпа“ на личноста што не им се допаѓа?

vie-im-izjavuvate-ljubov-a-tie-vi-se-potsmevaat-4-horoskopski-znaci-koi-najsurovo-kje-vi-dadat-korpa-01.jpg

Некои хороскопски знаци на неочекуваните љубовни изјави знаат да одговорат со сурово потсмевање на личноста што им се додворувала и што тврди дека е вљубена во нив.

Ако размислувате некому да искажете љубов, а не сте сигурни дали чувствата ви се возвратени, погледнете дали хороскопскиот знак на личноста се наоѓа на овој список.

Претставниците  на овие 4 хороскопски знаци се озлогласени дека негативно реагираат кога им се додворува некоја личност за која немаат чувства.

Стрелец

Ќе им се допадне и ќе се чувствуваат почестено кога  некој ќе им изјави љубов, а вниманието што го добиле само им го потхранува егото.

Токму поради тоа може да се случи воопшто да не им се допаѓате, но да ги злоупотребат вашите чувства така што ќе ве натераат да им помогнете за завршување на обврските, или на работното место, а притоа ќе ви се потсмеваат зад грб затоа што сте вљубени и трчате по нив.

Со други зборови, ќе ја искористат секоја прилика да се пофалат за вниманието што го добиваат.

Девица

Тие сакаат кога се во центарот на вниманието заради тоа што постигнале одредени успеси на работното место или затоа што се добри пријатели. Но, Девиците мразат кога им се додворуваат луѓе што воопшто не им се допаѓаат.

Со оглед на тоа што обично се директни и не знаат како внимателно да ја одбијат личноста, Девиците често може сурово да се потсмеваат и јавно да ја омаловажат личноста што им изјавила љубов.

Вага

Вагите сакаат да флертуваат, но не се премногу вешти во тоа. Често може да се случи, ако некоја личност одненадеж им изјави љубов да се почувствуваат под притисок и да одговорат агресивно.

Ако на Вагата не ѝ се допаѓате, може да очекувате бесчувствителни навреди и коментари и воопшто нема да ѝ биде грижа дали ве повредила или не, затоа што за нив нападот е најдобра одбрана.

Овен

За самоуверените Овни, личностите што изразуваат љубов кога чувстватата не им се возвратени се патетични и слаби.

Така ако му искажете љубов на Овен што нема чувства за вас, може да очекувате отворено да ви се потсмева и да ве омаловажува.

Без разлика дали тоа ќе ви го каже во лице или ќе го каже на некоја личност што ве познава, Овните знаат да бидат сурови и воопшто да не им е грижа дали ви го скршиле срцето.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава