Каков пријател е секој хороскопски знак (кој е совршен за забава, а кој за доверување тајни)?

Znacite-kako-prijateli-Znacite-kako-prijateli-02.jpg

Вага

Вагите се „социјални суштества“, па затоа се одлични пријатели за забава. Ако се расправате со нив, тие ќе станат пасивно-агресивни, а тоа е затоа што одбиваат каква било конфронтација.

За нив е ноќна мора кога треба да одлучат нешто, па најдобро е вие да ги изберете местата каде што ќе се гледате.

Скорпија

На почетокот можеби изгледаат ладно и незаинтересирано, но штом подобро ќе ги запознаете, тие многу ќе се приврзат за вас. Недостаток на Скорпијата е што кријат нешта од своите пријатели и понекогаш не се доволно отворени.

Тоа не го прават тоа намерно, туку едноставно не сакаат да откриваат одредени делови од себеси.

Стрелец

Стрелците се харизматични пријатели кои ќе ги поканите со вас кога сакате да одите на некоја луда забава. Исто така, нема подобри пријатели за заедничко патување – ќе сакаат да видат сè и да запознаат со секого, па ќе имате многу незаборавни авантури со нив.

Јарец

Во речникот на Јарецот не постои зборот спонтаност. Со нив сè мора да се испланира – кога ќе се видите, каде, до колку ќе седите, ќе дојде ли некој друг…

Ако одите на патување и ви треба некој да ги наводнува вашите растенија или да се грижи за вашите миленици, Јарецот е пријателот на кој треба да му се обратите.

Водолија

Ова е пријател со уметничка душа кој е целосно автентичен и не му е важно што мислат другите за него. Од Водолијата ќе откриете нова музика, сликари или занимања за кои досега не сте слушнале.

Ќе ве одведат во продавница за антиквитети или на свирка. Изгледаат ладно, но тоа е само оптичка мамка.

Риби

Рибите ќе ве однесат во музеи, галерии и на концерти. Со нив ќе започнете да вежбате јога и ќе научите сè за чакрите. Тие се многу интуитивни – ќе имате впечаток дека ве читаат како книга.

Тие се емотивни, сочувствителни и сакаат да им помагаат на другите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава