Почна нов ретрограден Меркур: Кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најпогодени (и што да очекуваат)?

Вагите може да очекуваат враќање на траумите од минатото, а два други знаци можно е да се помират со поранешната љубов. Кои 4 хороскопски знаци најсилно ќе го почувствуваат влијанието на ретроградниот Меркур?

pochna-nov-retrograden-merkur-koi-4-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-i-shto-da-ochekuvaat-01.jpg

Сите знаеме дека кога Меркур е ретрограден сè што може да тргне наопаку, ќе тргне, а годинава по третпат планетата поврзана со комуникацијата и логиката ќе почне да се движи наназад.

Од 9-ти септември Меркур почна да се движи наназад, а дел од вас можеби веќе почнавте да го чувствувате негативното влијание на планетата која овојпат ќе се движи наназад сè до 2-ри октомври.

Со оглед на тоа што планетата се наоѓа во соѕвездието Вага, можете да очекувате негативното влијание во најголема мера да се одрази врз врските, па можни се конфликти и расправии поврзани со недоразбирања.

Од 23-ти септември, кога Меркур ќе влезе во Вага, со најголеми проблеми ќе се соочат сите оние што имаат проблем со организацијата и рутината.

pochna-nov-retrograden-merkur-koi-4-horoskopski-znaci-kje-bidat-najpogodeni-i-shto-da-ochekuvaat-povekje-03.jpg

Според астролозите, четири хороскопски знаци најсилно ќе го почувствуваат влијанието на овој ретрограден Меркур.

Кои се тие?

Овен

За Овните ова беше одлична година во која забележаа повеќе успеси, но ретроградниот Меркур ќе ги наведе повеќе внимание да обрнат на најблиските.

Можно е повеќе недоразбирања да предизвикаат конфликтни ситуации со блиските, особено доколку во минатото сте оставиле некои нерешени проблеми.

Можно е повторно да ви се јави некој поранешен партнер со кого одамна не сте имале контакт и со кого целосно не сте расчистиле.

Од 23-ти септември, ќе чувствувате дека никако не можете да си поставите приоритети и дека не сте стоотстотно организирани.

Ова може да биде добар период да направите поголем баланс во животот и да се сконцентрирате само на работите што ви се најважни.

Близнаци

Со оглед на тоа што Меркур е планетата што владее со овој хороскопски знак, сосема е јасно зошто неговото ретроградно движење ќе има големо влијание и врз Близнаците.

Ретроградниот Меркур на почетокот најмногу ќе се одрази на љубовен план, па ќе ве натера добро да размислите за тоа какви се вашите чувства за одредени личности и дали сте вљубени во вистинската личност.

Слично како кај Овните, и кај Близнаците е можно да се појави некоја личност од минатото со која ќе ја продолжат врската таму каде што застанала.

Уште два знака на следната страна...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
4 хороскопски знаци кои сакаат да трошат пари на луксузни работи Рак - Кога станува збор за екстравагантен вкус, тогаш на Раковите никој не им е ...
3 хороскопски знаци кои ќе останат до својот брачен партнер без разлика на сè Рак: Семејството има специјално место во нивното срце. Тие се идеални брачни пар...
4 хороскопски знаци кои привлекуваат пари како магнет Скорпиите се природни лидери и имаат вистинска моќ да заработат пари. Нивна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg