Хороскопски знаци кои ви се вистинска сродна душа (и вреди да ги имате за пријатели)

Ако ѕвездите можат да ви помогнат да ја пронајдете вашата единствена вистинска љубов, зошто астрологијата да не ви помогне при изборот на вашиот најдобар пријател?!

Horoskopski-znaci-koi-se-vistinski-srodni-dushi-vo-prijatelstvoto 01 630x330.jpg

Хороскопскиот знак зборува за вашата личност, вашите интереси и афинитети, стилот на комуникација, па се разбира - сите овие аспекти за тоа кои сте всушност вие, влегуваат во игра кога комуницирате со другите.

Затоа, познавајќи ја вашата лична астрологија, можете да добиете приближна идеја со кого најдобро би „кликнале“.

Во продолжение откријте кои хороскопски знаци се вистински сродни души во пријателството:

Овен (21 март – 19 април)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Овен и Близнаци

Овен: Иако романтичните врски меѓу двајца Овни обично завршуваат катастрофално (пламенот се вжештува, но брзо изгорува), пријателствата можат да траат вечно. Па, кој друг може да биде во чекор со сета таа енергија?

Близнаци: Ова пријателство може едноставно да се опише како забава на векот. Помеѓу брзата духовитост на Близнаците и способноста на Овенот да ја види светлата страна на секоја ситуација, овие двајца секогаш се забавуваат и дефинитивно заговараат нешто. Внимавајте на нивните шеги!

Бик (20 април – 20 мај)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Девица и Рак

Девица: Бикот кој сака промени бара пријатели кои знаат да бидат доверливи, а кој е посигурен од Девицата? Девиците се секогаш подготвени за најбурните денови, без разлика дали станува збор за прекин на љубовна врска или грип што ве држи без работа една недела. Овие знаци можеби немаат најавантуристички начин на живот, но тие се карпа еден на друг.

Рак: Овие знаци поминуваат голем дел од своето пријателство дома: „кампување“ во дневната соба, гледање на омиленото шоу и нарачување на храна во неограничени количини. Тие навистина знаат како да уживаат.

Близнаци (21 мај – 20 јуни)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Вага и Лав

Вага: Како два воздушни знаци, Близнаците и Вагата се секогаш во интелектуален натпревар. Двајцата сакаат да гледаат уметнички филмови, да талкаат низ музеите и заедно да ги проверуваат менијата за експериментални дегустации. Сакаат да прават сè што ги одржува нивните сетила стимулирани, па така разговорот сам по себе си тече.

Лав: Близнаците и Лавот се тип на најдобри пријатели кои обожаваат да се во центарот на вниманието. Она што ги одржува заедно на долги патеки е тоа што ниту еден од нив никогаш нема да премолчи одредена ситуација. Тие секогаш ги кажуваат работите онака како што се.

Рак (21 јуни – 22 јули)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Риби и Јарец

Риби: Кога ќе се спојат два водни знаци, работите едноставно течат. Ракот и Рибите се екстремно емпатични и можат да најдат засолниште еден во друг, од сета емотивна работа што постојано ја прават за сите други.

Јарец: Ракот и Јарецот се спротивни знаци. Но, како двајца од најодговорните знаци во Зодијакот, овие двајца се неверојатен пар на пријатели. Нивната верност и лојалност е забележлива до самиот крај.

Лав (23 јули – 22 август)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Стрелец и Вага

Стрелец: Сонцето и експанзивниот Јупитер управуваат соодветно - Лавот и Стрелецот се една од најдобрите комбинации за вистински пријатели. Тие се незапирлива сила и исто така можат да бидат неверојатни деловни партнери кои не дозволуваат никој да застане на патот на нивниот успех.

Вага: Лавот и Вагата одат рака под рака поради нивната убавина и стил. Ова се пријателите кои изгледаат толку добро кога излегуваат, што не можат, а да не направат сцена.

Девица (23 август – 22 септември)

Најдобри пријатели според Зодијакот: Рак и Скорпија

Рак: Девиците секогаш се обидуваат да го поправат животот на сите други, но кој ќе им го поправи животот ним? Затоа, на Девиците секогаш им треба пријател Рак. Тие мразат да бараат помош, но Ракот е секогаш тука за нив уште пред да мора да ја побараат.

Скорпија: Девицата и Скорпијата ценат пријател кој може да чува тајна. И двата знаци се чувствуваат изневерени кога некој ќе им заземе местото, но тие знаат дека секогаш можат да си веруваат еден на друг и да ги сокријат заедничките тајни.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Зошто немате (вистински) пријатели, според хороскопскиот знак? Додека Водолиите ги одбиваат сите покани за излегување, на Близнаците им е тешко...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...
Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа) Бик – Како типични претставници на земјените знаци, Биковите секогаш се приземни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg