Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Љубовен хороскоп за ноември 2022: Овни – некој ќе ве спаси од токсичен однос, Бикови – турбуленции ќе доведат до разделба

ljuboven-horoskop-za-noemvri-2022-ovni-nova-lichnost-kje-ve-spasi-od-toksichen-odnos-bikovi-nenadminlivi-turbulencii-kje-dovedat-do-razdelba-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Првата половина на месецот очекувајте напнатост во односот со саканата личност. Нема да можете да се сложите и договорите за речиси ништо, посебно ако станува збор за заеднички инвестиции и финансии. Тоа може да ви ги залади привремено односите, но топлината повторно ќе избие и љубовта ќе победи ако е вистинска. Во втората половина повторно ќе бидете ставени на тест со нови несогласувања и разлики во ставовите, а дури кон крајот на месецот ќе остварите стабилност.

Ако сте слободни:

Ќе избрзате со заклучокот дека си одговарате со некој од околината што ви се допаѓа, но набрзо ќе сфатите дека имате спротивставени животни погледи и вредности. За среќа, брзо ќе сретнете личност која ќе ја засени претходната, благодарение на добрата комуникација која непречено ќе тече помеѓу вас. Иако нема да се согласувате баш на сите теми, сепак до крајот на ноември ќе бидете заљубени.

Скорпија

Ако сте во врска:

Месецот ќе почне со кавги во семејството и со саканата личност. Ќе се обвинувате меѓусебно за неисполнети ветувања и договори, но и за обостраното запоставување и недоволно посветување внимание еден на друг. Се чувствува заладување во односот, неопходно е да се спогодите и да направите компромис. Многу Скорпии може да паднат на ова и да се разидат со партнерот, а оние посилните кон крајот на месецот ќе си ја вратат стабилноста во односот.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе ви донесе тешкотии на поле љубов. Личноста која на почетокот ви делуваше на потенцијален емотивен партнер, ќе си ја покаже другата страна и ќе ве вовлече во непријатни моменти од кои тешко ќе излезете, но кога ќе успеете – засекогаш ќе ставите крај за луѓе со таков карактер. За среќа, лошото искуство ќе биде засенето од личност која ќе ве разведри со својот оптимизам во втората половина на месецот.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ве очекуваат несогласувања со партнерот за работи кои претходно не биле проблем. Потребна ви е поддршка и разбирање, а тоа е доволно за проблемот да се реши. Потрудете се со разговор да го објасните тоа. Во втората половина на месецот партнерот целосно ќе ви го привлече вниманието, ќе почне да се потпира на вас и да ви кажува повеќе работи. Ќе ги решите несогласувањата, но заедничките планови може да станат тема на дискусија повторно на крајот од месецот.

Ако сте слободни:

Првата декада од ноември ќе ви донесе непријатни искуства со личност која ќе ве наговара на тајна врска. Оние личности кои ќе ги одбиете ќе ви зборуваат зад грб и можно е да измислуваат невистини за вас. Тоа може емотивно да ве повреди, но не дозволувајте да ве скрши. Следи период во кој може да наидете на личност која добро ќе ве разбира и ќе ви приоѓа искрено, без скриени намери.

Јарец

Ако сте во врска:

Првата половина на ноември ве очекуваат тешкотии со партнерот заради неможноста да се усогласите за времето кое го минувате заедно, како и за социјалниот одвоен живот. Вие ќе водите интензивен социјален живот и ќе ви останува малку време за саканата личност, а чувството на запоставеност ќе ги олади односите. Разговорите во втората половина од месецот малку ќе ги подобрат работите, ќе покажете длабоки емоции и ќе го вклучите партнерот повеќе во вашиот живот.

Ако сте слободни:

Првата декада од месецот ќе биде полна со познанства на повеќе различни личности кои ќе ве привлекуваат и ќе мислите дека не можете да се одлучите. Но кога подобро ќе ги запознаете, ќе сфатите колку се различни од вас. Вашето повлекување тешко ќе го прифатат и ќе ви досадуваат и приредуваат непријатни ситуации, што ќе ве прават напнати. Некако ќе успеете да се ослободите од нив, а ќе престанете да ги забележувате кога ќе запознаете нова личност.

Водолија                            

Ако сте во врска:

Заедничките цели и замислите за домашните обврски нема да ви бидат на исто ниво со партнерот, а тоа ќе донесе до несогласувања и кавги. Неопходно е да побарате заеднички прифатливо решение и договор. Пристапете ѝ поискрено на саканата личност и покажете дека ви е потребна. Дајте и вие поддршка таму каде што е најпотребна и исполнете му на партнерот некоја желба. Заедничкиот компромис и труд ќе вроди плод.

Ако сте слободни:

Во првата половина од месецот ќе бидете незадоволни од изборот кој ви е на располагање и нема да можете да одберете никој со кој би се зближиле емотивно. Повеќето личности кои ќе ги запознаете и ќе ви се допаднат на прв поглед, не ве привлекуваат за нешто повеќе. Кон средината на месецот некој ќе ве освои со својата ведрина и со погледот полн со емоционална длабочина, но и со креативните идеи и иницијативи.

Риби

Ако сте во врска:

Тешко ќе се сложувате околу заеднички планови, дури ниту за заеднички патувања и ќе имате несогласувања за секоја ситница. Чашата ќе се прелие во моментот кога вашиот партнер ќе открие  нешто што сте го криеле и ќе ја изгуби довербата. За среќа, како што ненадејно дојдоа несогласувањата, така одеднаш ситуацијата ќе се разбистри и брзо ќе дојдете до договор и заедничко согласување. Обрнете повеќе внимание на искреноста и комуникацијата.

Ако сте слободни:

На почетокот на месецот ќе запознаете неколку наизглед привлечни личности, но брзо ќе сфатите дека не се воопшто за вас бидејќи нема да имате заеднички разговор, а со некој од нив ќе дојде и до несогласувања. Може да се случи да сфатите дека сепак имате чувства за некој кој одамна го покажал тоа за вас, а вие сте го игнорирале. Ќе дадете нова шанса.



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg