4 хороскопски знаци за кои овој петок 13-ти навистина ќе биде баксузен

Јарците ќе се соочат со проблеми на професионално поле, а бидејќи се личности за кои кариерата е едно од најважните нешта, денот нема да им помине најдобро – за кои други хороскопски знаци, петок 13-ти навистина ќе биде баксузен?

4-horoskopski-znaci-za-koi-ovoj-petok-13-ti-navistina-kje-bide-baksuzen-01.jpg

Во многу земји постои верувањето дека петок 13-ти е баксузен ден.

Сè уште се дебатира од каде потекнува ова суеверие, а верувањето дека бројот 13 е баксузен има корени од разни митологии и религии. 

Поврзаноста на бројот 13 со денот петок, пак, најверојатно се појавува дури во 19-тиот век, но не е познато како се прославило суеверието.

Овој петок е 13-ти јануари, а за следниве хороскопски знаци најверојатно ќе биде баксузен:

Скорпија

Овој петок 13-ти навистина нема да ве следи среќа.

Можно е да се соочите со неочекувани предизвици во односот со другите, но и на работа, и ќе ви биде особено тешко да ги надминете.

Важно е да пробате да останете смирени и покрај сиот хаос што ќе ве опкружува. Истовремено, не брзајте со одлуките, особено ако имаат големо влијание врз вашиот живот. 

Поради проблематичниот ден, ќе бидете и лесно избувливи, па пробајте да го контролирате темпераментот за да не си создадете дополнителни проблеми.

Јарец

Вие сте личност која целосно се посветува на кариерата, па проблемите поврзани со работата ве погодуваат најмногу. А, овој петок 13-ти ќе се соочите со токму вакви проблеми.

Денес нема да успеете да ги реализирате сите планови и ќе треба да одложите некои договори, состаноци и слично.

Ова ќе ве фрустрира и најверојатно ќе ви го расипе целиот ден.

Ќе се чувствувате подобро ако сфатите дека напредокот не е линеарен – ќе имате и добри и лоши денови, и тоа е сосема нормално.

Не дозволувајте еден лош ден да ве обесхрабри и пробајте да научите лекција од неуспехот наместо да очајувате за него.

Водолија

Денес ве очекуваат непланирани промени или во односот со некоја личност, или во вашето секојдневие.

Проблемот е што вам ќе ви биде тешко да ги прифатите овие промени и никако нема да можете да се помирите со нив.

Поради ова, цел ден ќе се чувствувате навистина лошо.

Пробајте да бидете пофлексибилни и поотворени бидејќи некои промени навистина се неизбежни.

Поразговарајте со личност на којашто ѝ верувате и послушајте ги нејзините совети ако сакате да си го подобрите расположението.

Риби

Денес ќе преовладуваат негативните чувства, а вие нема да знаете како да се справите со нив.

Лошите мисли ќе ве надвладеат и цел ден ќе си замислувате црни сценарија.

Иако не можете да ги контролирате вашите емоции, можете да ги контролирате вашите реакции.

Негативните емоции се сосема нормална појава, но не дозволувајте да ви го уништат целиот ден.

Ако постојано се фокусирате на нив, не си правите никакво добро.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
3 хороскопски знаци за кои овој март ќе биде најсреќниот месец Кој хороскопски знак конечно ќе здивне од проблеми, а кој ќе ги реши финансискит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg