5-те најжестоки хороскопски знаци (со нив дефинитивно не би сакале да се расправате)

Скорпиите знаат да „удрат“ онаму каде што боли најмногу и без двоумење ќе ги искористат вашите најголеми несигурности како оружје против вас. Кои се другите хороскопски знаци со кои сигурно не би сакале да се расправате?

5-te-najzhestoki-horoskopski-znaci-so-koi-ne-bi-sakale-da-se-raspravate-01.jpg

Караниците со блиските се дел од животот кој не можеме да го избегнеме. Сосема нормално e некогаш да се јават недоразбирања и конфликти, а во овие мигови сите знаеме да кажеме по нешто за кое подоцна се каеме.

Но, кога станува збор за острината на лошите, навредливи зборови, некои хороскопски знаци дефинитивно се истакнуваат.

5 хороскопски знаци со кои не би сакале да се расправате:

Овен

Овните се владеени од планетата Марс (римскиот бог на војната) и ова е мошне очигледно кога се гневни.

Никогаш не би сакале да сте во конфликт со Овен бидејќи на овие луѓе им е особено тешко да го контролираат темпераментот.

Доволен е само еден погрешен збор за да избувнат и да ве повредат како никој друг.

Иако лутината им поминува многу брзо, ако сте ги повредиле, долго ќе го помните она што ќе ви го кажат.

Овните се и непредвидливи, а ова ги прави уште пожестоки противници во караници.

Близнаци

Уште пред вие да сфатите дека се расправате, Близнаците го имаат предвидено секој ваш збор и имаат одговор за секој ваш аргумент.

Близнаците не влегуваат во конфликти неподготвени, но дури и во овие ситуации, тие знаат да бидат креативни и да ве понижат.

Тие имаат одговор за сè и, на крајот од караницата, вие ќе се чувствувате како идиот, па дури и виновно, без разлика кој навистина е виновникот.

Девица

Дефинитивно не сакате да бидете среде конфликт со Девица бидејќи овие луѓе најверојатно знаат многу за вас, а без двоумење ќе го искористат тоа за да ве повредат.

Уште полошо е кога не го покажуваат гневот и делуваат смирено, но ако гневот е насочен кон вас, сигурно ќе го почувствувате.

Штом Девиците се сигурни во нивниот став и се убедени дека вие сте виновникот, нема да попуштат и ќе направат да се чувствувате ужасно.

Скорпија

Скорпиите се жестоки со причина – тие се владеени од Марс кој во римската митологија е богот на војната.

Тие секогаш знаат да „удрат“ онаму каде што боли најмногу.

Кога сакаат некого, без разлика дали пријател, партнер или член на семејството, Скорпиите сакаат безусловно, со целото срце. Но, кога мразат некого, мразат со истиот интензитет.

А, бидејќи Скорпиите се личности на кои другите лесно им се доверуваат и им ги кажуваат своите најдлабоки тајни, тие мошне добро го користат ова кога ќе ги повреди некого што го сакаат.

Ова не значи дека тие ја злоупотребуваат туѓата доверба, но ако некој ги повреди многу, дефинитивно имаат потенцијал да бидат сурови.

Водолија

Обично Водолиите имаат разбирање за сите, дури и за работи кои другите тешко би ги прифатиле.

Но, и тие имаат граници на толеранција, а штом ќе ги преминете, нема да се двоумат дали да ви кажат.

Водолиите можеби не се гневни како останатите знаци на листата, но нивната брутална искреност е сосема доволна да направи да се чувствувате мизерно.

Слично како Близнаците, и Водолиите можат да го предвидат секој ваш аргумент, па тешко дека ќе ги убедите да си го сменат мислењето.

Ако, пак, им згрешите многу, тие само ќе си заминат од вашиот живот без никакво објаснување.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...

Најчитани неделава