Љубовен хороскоп за февруари 2023: Ракови - авантура со нескротлива личност, Скорпии - недостиг од љубов

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2023-rakovi-avantura-so-neskrotliva-lichnost-skorpii-nedostig-od-ljubov-02.jpg

Вага

Ако сте во врска:

Со партнерот имате мали конфликти и тоа ве збунува двајцата, затоа што не сте навикнати на ваква ситуација. Малку сте љубоморни и сомничави кон неговите постапки.

Изненадете го со некој романтичен чин и покажете му дека му верувате. Работите брзо и лесно ќе дојдат повторно на свое место.

Ако сте слободни:

Сингл Вагите можно е да минуваат низ период на збунетост, несигурност и упорно да мислат на личност, која не ги сака. Ставете точка на ова.

Имате дарба за комуникација и лесно можете да привлечете некоја квалитетна личност, само збогувајте се со минатото и блеснете со сиот свој сјај.

Скорпија

Ако сте во врска:

Интересно е што месецов Скорпиите кои се во врска, ќе се чувствуваат послободни од Скорпиите кои се сингл.

Им претстојат многу убави заеднички мигови со партнерот периодов, иако на моменти ќе чувствуваат недостиг од љубов. Но, тоа е само поради нескротливите апетити.

Ако сте слободни:

Иако важите за личност на која на прво место ѝ се парите и работата, сега недостигот од љубов може да ве стави во некоја критична ситуација. Нема да се сомневате во себе, туку во можноста да ги остварите своите амбиции.

Не треба да се предадете на безнадежноста и треба да почнете смело да барате љубов – секогаш и секаде.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ќе имате многу нови познанства, па можно е дури да запознаете и некоја личност на некое прекуокеанско патување, но тоа не значи дека треба да заборавите на сè што градевте во изминатите години.

Партнерот беше тука со вас во најтешкото, време е да му покажете лојалност, и покрај тоа што ве напаѓаат флертувачи од сите страни.

Ако сте слободни:

Многу ви се допаѓа некоја личност и имате потреба на романтичен начин да ѝ кажете што чувствувате.

Омилени сте каде и да се појавите, поради вашата социјалност и ведрина, но периодов ќе ве иритира тоа што токму личноста што ви се допаѓа – нема да покажува интерес за вас.

Време е поактивно да работите на ова и да не чекате иницијатива од неа, туку вие да ја освоите.

Јарец

Ако сте во врска:

Во врската атмосферата не е најдобра, се чувствувате малку несфатено и ќе имате повеќе проблеми, отколку задоволство.

Не сте подготвени да се приспособите на прелакомите потреби на партнерот, па можеби е време за да ставите крај на оваа приказна.

Ако сте слободни:

Лесно ќе се вљубувате периодов, некогаш платонски, некогаш во личност која со својата појава и став буквално ќе ве удри од земја.

Но, мора да внимавате сè да не биде базирано на емоции, туку малку да го вклучите и мозокот.

Водолија

Ако сте во врска:

Партнерот можно е да ви пронаоѓа замерки поради работното место, кое бара преголем ангажман од вас. Се чувствува запоставено на моменти и се двоуми дали го сакате доволно.

Не би сакале да сте во неговите чевли, нели? Наместо само површна комуникација и рутина, обрнете му повеќе внимание и изненадете го со некој романтичен потег.

Ако сте слободни:

Можно е да имате кратка романса со некој од работа, а можно е и ново познанство преку пријател, кое може да се претвори во нешто повеќе.

Некој навистина ќе биде подготвен да го коригира своето однесување во име на тоа да воспостави добар однос со вас и да ве освои.

Риби

Ако сте во врска:

Се чувствувате заштитено и сакано покрај партнерот и тоа прави да заборавите на сите бури и проблеми.

Токму поради оваа хармонија во вашата врска, не дозволувајте трета личност да ви се меша и да расипе нешто што навистина вреди. Сакате да сте во центарот на вниманието и за вашиот партнер сте центар на светот, па ценете го тоа.

Ако сте слободни:

Можно е да се вљубите во личност која не е слободна или личност која најверојатно му припаѓа на вашето минато, но навистина нема потреба самите на себе да си нанесувате рани.

Имате неверојатна харизма и можете да го имате секој, доста се лепевте на забранетото овошје. Некој интензивно мисли на вас, дадете му шанса.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Годишен хороскоп за 2024: Стрелец Подгответе се, бидејќи 2024-та ќе ви донесе многу изненадувања, нови можности и ...
Годишен хороскоп за 2024: Риби Следната 2024-та година ќе биде вистински предизвик за сите Риби. Ќе ви се случа...
Годишен хороскоп за 2024: Близнаци 2024-та година ќе биде полна со неочекувани пресврти, големи можности, искористе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg