Рак и уште 5 најздодевни хороскопски знаци во сексот (18+)

Јарците навистина уживаат во сексот, но не со вас. Додека имате секс, тие секогаш фантазираат за некој друг, обично некој што не можат да го имаат. Затоа сексот со нив станува прилично досаден по некое време.

rak-i-ushte-5-najzdodevi-horoskopski-znaci-vo-seksot-01.jpg

Сигурно го читате ова и ако го пронајдете вашиот хороскопски знак ќе си речете „па не е можно сексот со мене да е здодевен“, но астролозите го тврдат обратното.

Според нив, постојат шест хороскопски знаци кои се здодевни и монотони во кревет.

Ова што ќе го прочитате не го сфаќајте како критика, туку совет да ја раздвижите фантазијата и да го „зачините“ сексот.

А можеби и да им покажете на астролозите дека згрешиле што вашиот хороскопски знак го ставиле на оваа листа.   

Близнаци

Со Близнаците ќе ви биде добро на почетокот на сексот. Ќе добиете и впечаток дека им се допаѓа тоа што го правите за да ги возбудите.

Па ќе тргнете напред со поголема самодоверба... сè додека не добиете силен удар во карлицата и се прашувате што се случува. Близнаците и за време на сексот имаат други работи на ум.

Подобри работи отколку секс со вас. Па наместо да уживаат вистински, само ќе се препуштат на моментот и ќе чекаат да продолжат понатаму со своите активности.

Рак

Пред да почне сексот, со Раковите сè е разговор. Ама и потоа, штом ќе почне акцијата во кревет, Ракот не само што ќе продолжи да зборува, туку веројатно ќе сака на хартија да ги напишете сите вашите чувства за да потврдите дека станува збор за чиста, посветена љубов.

Ракот брзо ќе ви здодее поради нивните преголеми љубовни очекувања, бидејќи дури и за време на страста, со нив ќе го добиете она досадно чувство дека нешто не правите доволно добро и на крајот ќе се откажете.

Девица

Девицата сака да ѝ се додворуваат дури и за време на сексот. Сака да слуша слатки зборови, па ако ѝ удоволите, толку ќе се задлабочи во муабетот, што ќе заборави што се случува околу неа.

Ако пак не ѝ шепотите слатко, Девицата ќе се разочара, ќе почне да се мурти, а вие ќе сакате да избегате што е можно побрзо.

Всушност, ако не ви тргне сексот со Девица, можеби треба да избегате, да се скриете во плакарот и да мастурбирате, ќе ви биде многу подобро.

Уште 3 знаци на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе доживеат љубовна бајка на Валентајн Денот на вљубените 2026 година на четири хороскопски знаци ќе им донесе судбинск...

Најчитани неделава