„Лифт“ за чипс и уште 8 изуми со кои креативните дизајнери се надминале
Направа која служи како лифт за вадење чипс од дното без да ги извалкате рацете, скала на седиште од авион за полесно да стигнете до багажот и уште неколку дизајнери кои ни го олеснуваат секојдневието со своите изуми.

Понекогаш дизајнерите се чекор пред нас и додека ние се жалиме, тие веќе смислиле изуми и решенија кои ни го олеснуваат животот.
Додека некои создаваат предмети кои никој никогаш не би ги користел и се за џабе потрошени пари, има и такви кои навистина можат да бидат од корист.
Погледнете неколку такви oд луѓе кои си ја знаат работата:
Тегла со специјална закачалка за лажица за мерење

Кутија за храна со посебни прегради за јадењата како такоси да стојат исправени

Оваа мини направа ја држи содржината на теглата под течноста

Кул пакување за чешелче за брада и мустаќи

Пример за тоа дека дизајнот ќе ве натера да купите нешто

Седишта во авион со вградена скала која им помага на пониските да се качат за да пристапат до багажот во горниот дел

Специјална лажица за сладолед со која полесно може да се собере и стопениот дел на дното

Чипс во високо пакување со специјален „лифт“ за да не мора да си ги извалкате рацете

Приклучок за во штекер (утикач) со заоблена форма за да не пречи на приклучоците до него

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео)
Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото)
Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично
Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...