Чоколадно кафеава е новиот тренд за луксузно новогодишно украсување за сезона 2025/26 (фото)
Изгледа годинава многумина ќе се откажат од цревната и златна боја – насекаде ќе гледаме новогодишни декорации и елки украсени во чоколадно кафеава боја, која делува луксузно.

Бојата на 2025 година беше чоколаден мус, па не е ни чудно што слична нијанса е хит и за новогодишно украсување на крајот од годинава.
Секако, доколку сакате, може да продолжите со црвените, златни и шарени лампиони и украси, но доколку следите трендови и сакате нешто поминималистичко и луксузно, ова е за вас.
Кафеави и кадифени панделки, лампиони во боја на чоколадо, украси како куќички, шишарки и свеќи во кафеава боја, но и хартии за виткање подароци, џемпери, чорапи, перници и други додатоци.
Можеби ви е уште рано за декорирање, но добро е со време да почнете да разгледувате украси и идеи.
Погледнете предлози за новогодишно украсување со чоколадно кафеава - тренд за 2025/26:
M. M. | Црнобело
