„Украсив елка стара 40 години“ - Македонка ја врати магијата од минатото, со шарена елка и различни лампиони

„Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите зачувани од 1985 година“, вели Веса Брческа, а други Македонци прокоментираа: „Оваа елка носи спомени во себе кои друга елка не може да ги донесе“ и објавија фотки од децениски старите елки кои ги китат во своите домови. Магично, зарем не?

ukrasiv-elka-stara-40-godini-makedonka-ja-vrati-magijata-od-minatoto-so-sharena-elka-i-stakleni-lampioni-01.jpg

На прагот од 2026-та Веса Брческа во Фејсбук групата „Дворчето“ објави фотографија дека дома си ја накитила елката, стара 40 години.

Елката е токму како оние ги паметиме од детството - со ретки гранки, светкави ленти, шарени, различни лампиони и е буквално совршено несовршена.

Носи магија, носи спомени, носи мирис на едно минато и поубаво време.

Денес, елките се раскошни и накитени со еднолични лампиони, можеби се совршени според трендовите, но никогаш нема да успеат во нас, барем постарите генерации, да разбудат спомени како елките од нашето детство. 

Веса Брческа во Фејсбук групата „Дворчето“ напиша:

„Ја украсив мојата елка, која е стара 40 години, со лампионите и лентите, зачувани од 1985 година“.

ukrasiv-elka-stara-40-godini-makedonka-ja-vrati-magijata-od-minatoto-so-sharena-elka-i-stakleni-lampioni-02.jpg

И Веса со својот потег разбуди емоции кај многумина, а на нејзината фотографија се нижеа коментари како:

„Најубавите елки, кои будат спомени од едно среќно детство“.

„Оваа елка носи спомени во себе кои друга елка не може да ги донесе!“

„Сите имавме вакви елки – најубави беа, а ние среќни околу нив“.

„Можеби беа мали и обични, ама ние бевме пресреќни. Честитки, памукчиња, балончиња, бонбончиња и по некое лампионче. Сијаличките беа луксуз...“

Потоа и низа други Македонци во коментари на нејзината фотографија споделија фотографии од елките кои ги накитиле во своите домови, а кои се стари со децении.

Како изгледаат нивните елки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тетоважи со моќно значење кое не се опишува со зборови (фото) Цртеж од покојниот син, првиот збор на сопственото дете испишан на рака, тетоваж...
Идеи за рачно изработени новогодишни украси кои може да ги правите со деца За новогодишни работилници во градинка, училиште или за викендите дома - ви нуди...
Винтиџ предмети и артефакти кои изгледаат кул и по повеќе од 100 години (фото) Брод изгравиран од семка од маслинка, јапонско кимоно украсено со скелети… Бр...
Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
Уникатни дезени на секојдневни предмети од креативни дизајнери (фото) Капаче од сок од портокал во форма на портокал, фасада на архитектонско студио ш...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...

Најчитани неделава