Уметница од Босна е хит со делата кои зрачат љубов - ја испромовира и Тијана Дапчевиќ на 50-тиот роденден
И ако Македонија го има својот Михаил Корубин за чии дела секогаш има неверојатен интерес, уметница од Сараево со своите дела кои зрачат љубов го привлече вниманието во регионот – и вие ќе си ги посакате дома.

Алена Гојаќ е современа уметница, сликарка и илустраторка, од Сараево, Босна и Херцеговина, но е позната и во цел регион и светот, благодарение на својата работа и изложби.
Таа создава слики со живи бои, симболика и силни емоции, често со мотиви на радост, љубов и интригантни мотиви што ги пренесуваат нејзините лични и универзални животни приказни.
Сега, на интересен начин на денот на својот 50-ти роденден (03.02) ја испромовира ѝ нашата Тијана Дапчевиќ и снимија кул видео каде пеат песна од Тијана, а потоа таа го „краде“ уметничкото дело на Алена.

Инспиративните стихови на Тијана за ова дело се: „Ово је Земља мојих снова. Ово је небо пуно звезда...“
Кликнете на видеото:
Делата на Алена се присутни во многу земји, а имала изложби во метрополи како Њујорк, Лондон, Рим, Будимпешта, Виена, Франкфурт итн.
Таа работи и како илустраторка на детски книги.

Во 2025 година, Алена Гојаќ одбележа 20 години уметничко творештво со голема изложба „Ти си љубов“ во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина во Сараево.

Приходот од продажбата на нејзините дела бил дониран на детскиот онколошки оддел, како поддршка на децата болни од рак.

Алена соработувала со многу меѓународни организации, меѓу кои и Фондацијата Новак Ѓоковиќ.
Дел од нејзините уметнички дела:



