Бизарна кукла со труднички стомак и „бебе во плодова обвивка“ ги згрози инстаграмџиките (фото+видео)
Бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓање со непукната плодова обвивка. Реакциите на интернет за оваа необична играчка се поделени, а повеќето ја прогласуваат за вознемирувачка.

Луиз Бојс е британска авторка и креаторка на содржини. Таа е позната по Инстаграм профилот „Mama Still Got It“, каде објавува хумористични видеа за мајчинството, семејниот живот и секојдневните предизвици на родителите.
Таа има три деца, води подкаст и ја има напишано книгата Mama Still Got It: How to Make It Through the Calpol Years Without Losing Yourself.
Но, сега Луиз сними видео за бизарна бремена кукла и тоа стана вирален хит.

Инаку, чудната бремена кукла е од брендот Zuru и се вика My Mini Baby: Mom & Baby Surprise.
Оваа играчка, за која многу се дискутира е кукла мајка која е бремена, со труднички стомак што се вади.

Внатре, бебето е сместено во „силиконска матка“ (потопено во гел), со што се имитира раѓање со непукната плодова обвивка.

Инаку, ZURU е глобален бренд за играчки и производи, познат по иновативни и често необични играчки.
Компанијата е основана во 2003 година, а почетоците ѝ се во Нов Зеланд, каде што започнале со мали проекти за играчки, а подоцна го преселиле производството и развојот во Азија.

Инаку, реакциите на интернет за оваа необична играчка се поделени:
Некои родители на Инстаграм ја фалат играчката како интересен визуелен начин децата да научат нешто за женската анатомија.

Други, пак, сметаат дека концептот е малку вознемирувачки, особено затоа што по „раѓањето“ куклата мајка останува со голем отвор/„лузна“ на стомакот и за нив ова е морничаво.

Колекцијата содржи 12 различни комплети со мајка и бебе во стомакот. Отворањето на капсулата вклучува и низа минијатурни изненадувачки додатоци, како што се извод од матична книга на родени, повивка за бебето, лигавче и друга опрема.


Луиз е зачудена и згрозена, а вие? Што мислите за оваа играчка?
На крај се шегува: „А, каде е Кен?“
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело