6 интересни, дизајнерски решенија за мини бар

Дизајнерскиот мини бар со необична форма ќе го освежи секој ентериер, а ќе биде неверојатно корисен за време на топлите денови кои преостанаа.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar-01

Кога температурите ќе се искачат на 35-от степен, еве какво решение ви нудат врвните дизајнери:

1. Рубикова коцка

Оваа Рубикова коцка нема да можете да ја склопите, но затоа во неа ќе можете да сместите 9 лименки. Доаѓа во комплет со кабел за користење во автомобилот, што е идеално за сите кампери и љубители на еднодневните излети.


2. Борг коцка

Ако сте фан на серијата Ѕвездени патеки – ќе бидете воодушевени. Овој мини бар е дизајниран според ова филмско остварување и изгледа извонредно. Целиот мини бар е во вид на црна коцка, низ која минуваат зелени зраци. Во него можете да сместите 9 лименки и може да биде ваш за само 150 долари.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar2.jpg


3. Најминијатурниот мини бар

Во него собира само 1 лименка, која можете да ја разладите со помош на USB кабел. Така, ако никаде не одите без лаптоп, ова може да биде вашиот нов гаџет во летниот период. Ситно, а корисно.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar3.jpg


4. Фудбалска топка

За сите обожаватели на овој спорт, тука е мини барот во облик на топка, кој ќе биде одличен додаток во домот за време на фудбалските првенства. Во него можете да ладите 5 лименки.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar-4.jpg


5. Coca-Cola автомат

Намалената верзија на Coca-Cola автоматите е одличен дизајнерски предизвик за сите љубители на овој пијалак. Може да собере до 10 лименки, а за него не ви требаат ситни парички како би го зграпчиле освежувањето.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar-5.jpg


6. Кутија засилувач Marshall

Овој мини бар одговара на засилувачот со реални димензии, така што во него може да собере цели 120 литри. Идеален е за вистински љубители на музиката и сите оние кои не ги сакаат стандардните ладилници на пиво и сокови.

6-interesni-dizajnerski-resenija-za-mini-bar6.jpg

Би можело да ве интересира:

Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото) Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
9 бесмислени дизајнерски решенија во лифтови – ќе помислите дека некој се шегува со вас (фото) Знак за лифт каде што нема лифт или лифт од кој излегувате и пред вас има дупка,...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава