Приватен авион од иднината: За него сонуваат сите богаташи

Приватниот авион Ixios наместо прозорци има екрани кои пред вас ја прикажуваат сликата која што ќе посакате да ја видите.

privaten-avion-od-idninata-za-nego-sonuvaat-site-bogatasi-01.jpg

Француската компанија Technicon Design го разработила овој дизајн кој се разликува од останатите така што нема класични прозорци, туку е опремен со видео камери поставени по должина на целиот авион.

Тие го снимаат панорамскиот поглед од околината и го пренесуваат во внатрешноста, со висок квалитет.

Покрај тоа, внатрешноста е опремена со луксузен мебел од кожа и врвни технолошки достигнувања.

Проектот до сега добил неколку награди, а неговата конечна реализација зависи од тоа дали ќе се пронајде доволно богат инвеститор кој ќе ги вложи своите пари во овој дизајн.

Би можело да ве интересира:

10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава