Кутијата за прстен која засекогаш ќе го олесни запросувањето

Откако еден дизајнер од Ванкувер разговарал со својот оженет пријател, дознал дека најнервозен и најпроблематичен момент за време на запросувањето  е како да се скрие кутијата за прстенот и да не се открие предвреме.

kutija-za-prsten-koja-zasekogas-ke-go-olesni-zaprosuvaweto-01

Вообичаено, кутиите се малечки, но со заоблен изглед кој често знае да направи проблем во изненадувањето. Се забележува ако е во некој џеб или покриен со нешто.

Токму затоа, потребно беше да се смисли нешто толку едноставно, обично и во машки стил, што би било дел од неговите лични работи, а воопшто не би се помислило дека е нешто повеќе од паричник или табакера.

kutija-za-prsten-koja-zasekogas-ke-go-olesni-zaprosuvaweto-1.jpg

Тенко, еднобојно со лесен механизам на отворање и внатрешен поп-ап механизам кој овозможува интересно поставување на прстенот со ефект на цвеќе.

Ендру Зо, дизајнерот на оваа генијална идеја, прво го промовирал производот во 2011 година како пакување за венчален прстен, а во 2014 година официјално го заштитил под името „Клифон“.

Откако вирално се проширила рекламата, тој има безброј нарачки за изработка на ваквите пакувања, чија цена се движи од $90 долари, па нагоре, зависно од уникатноста на дизајнот.

Момци, би сакале да имате едно вакво пакување за најважниот момент?

Би можело да ве интересира:

Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg