Одиме на луда журка со новогодишни капи!

Ако оваа година вие сте новогодишниот домаќин, ви предлагаме на врата како влезница да делите по една новогодишна капа. Несвесно, но сигурно ќе се вратите во прекрасното време кога бевте еуфорични деца...

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-01.jpg

Капите се изработуваат брзо и едноставно, а и можат да бидат одличен подарок со кој ќе ги израдувате и изненадите пријателите.

Потребен материјал за изработка:

  • Тврда хартија
  • Циркони
  • Украсна лента
  • Врвка
  • Лепило
  • Ножици

Начин на изработка:

Исечете полукруг

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-1

Со помош на капак од големо тенџере исечете круг па хартијата, а потоа полукруг. На полукругот означете 1/5 и исечете ја.


Направете конус

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-2

Превиткајте ја хартијата како на фотографијата за да добиете конус, а потоа залепете ги рабовите.


Украсете го конусот

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-3

Залепете ги цирконите, а на долниот дел и на врвот од веќе создаденото капче залепете го венчето.


Направете дупки за врвките

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-4

Во долниот дел од капчето направете две дупчиња (една спроти друга), потоа низ нив протнете ги врвките и направете чвор од внатрешната страна, со цел да не излегуваат врвките.

odime-na-luda-zurka-so-novogodisni-kapi-5

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...
Креативни велигденски декорации кои се прават од пластични шишиња (за малку пари) Ако сте подготвени да ги користите своите вешти раце, тогаш инспирирајте се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg