Направи сам: Плетена нишалка за на тераса

Со малку алатки и основни вештини, сега сами можете да направите еден фантастичен проект - плетена нишалка за на тераса или за во двор.

napravi-sam-pletena-nisalka-za-na-terasa-01.jpg

Потребно е само да врзете само неколку јазли околу дрвени рамки за да создадете летно и удобно парче мебел.

Техниката е идентична како кај саксиите за на тераса, па ако веќе ги пробавте, надополнете ја декорација со следниов проект.

Потребни ви се:

  • 5 дрвени, издржливи прачки од цврсто и полно дрво
  • 150m коноп
  • 20тина метри двојно подебел коноп од основниот
  • 4 шрафови за дрво
  • Дупчалка
  • Ножици

napravi-sam-pletena-nisalka-za-na-terasa-02.jpg

Начинот на изработка е прилично едноставен.

Треба да направите рамка од 4-те дрвените прачки, а 5-та да ја оставите за подоцна да ја закачите нишалката на неа.

Техниката на плетење исто така е детално објаснета на фотографиите, потребно е само да ги врзувате соседните јажиња во јазли и да не затегате премногу за да оставите простор за седење.

Вложете дел од времето, ве уверуваме дека ќе го обожавате крајниот резултат.

Би можело да ве интересира:

Брзи првоаприлски маски за деца - може да ги направите во последен миг Направете гроздови од балони, брзо венче за еднорог, или јаготка од хартија... К...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg