Разубавете го својот дом со спомените од плажа


Камчињата од плажа може да станат многу интересен декоративен додаток во вашиот дом.

Razubavete-go-svojot-dom-so-spomenite-od-plazha-01.jpg

Затоа земете си ги вашите омилени камчиња кои ги собравте ова лето и украсете ги со салфетка техниката.

Потребно ви е:

  • Камчиња
  • Салфети со морски мотиви
  • Декоративни бои во сина и црвена боја
  • Декупажно лепило

Подготовка:

Камчињата обојте ги со декоративните бои, но во средината оставете место за мотивот од салфетата. Потоа на пресекот помеѓу сината и необоениот дел на каменот поминете го со црвена боја.

Мотивот од салфетата внимателно додадете го на каменот и залепете го со лепилото за салфетна техника.

Razubavete-go-svojot-dom-so-spomenite-od-plazha-002.jpg

Вака украсени камењата може да ви служат како декоративен елемент или пак практично да ги искористите како прицврстувач за чаршавите на масите. Ќе ви помогнат чаршафот да не ви одлетува кога има ветер.

Razubavete-go-svojot-dom-so-spomenite-od-plazha-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Најлесниот начин за фарбање шарени велигденски јајца кој вреди да го пробате (видео) Бојадисувањето велигденски јајца со помош на шлаг пена е познато, но со оваа тех...
9 декорации од TEMU со кои ќе си ја претворите терасата во бајковито катче Скаличка за редење саксии, декоративни украси за на ѕид, вештачка трева за на по...

Најчитани неделава