Направи сам: Снегулки од стари пластични шишиња
Прва асоцијација на периодот во кој се наоѓаме, дефинитивно е снегот. Ако сте негов љубител и секоја зима одново барате некоја симболична снежна декорација, за годинава проблемот ви е решен.

Направете снегулки од стари пластичните шишиња кои ви прават ѓубре низ дома.
Соберете неколку со различни големини, земете ножички и скалпел, синџирчиња на кои ќе ги закачите и бои со кои ќе ги нацртате самите снегулки.
Од секое шише искористете го дното, кое е во облик на цвет.

Со помош на скалпел и ножици направете дупче каде ќе протнете синџирче на кое ќе ја закачите снегулката.

На крај, поиграјте си со белата боја и четката.

Би можело да ве интересира:
9 бесмислени дизајнерски решенија во лифтови – ќе помислите дека некој се шегува со вас (фото)
Знак за лифт каде што нема лифт или лифт од кој излегувате и пред вас има дупка,...