Неодоливи рачно плетени и везени плик чанти кои потсетуваат на вистински книги
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Неодоливи рачно плетени и везени плик чанти кои потсетуваат на вистински книги

Доколку сте вешти со игла, конец и ножици, ова е прекрасна идеја да го испробате својот талент, претворајќи обична правоаголна чанта во подвижно уметничко ремек-дело.

Racno-pleteni-i-vezeni-plik-canti-koi-neodolivo-potsetuvaat-na-vistinski-knigi-01.jpg

Заслугата за одличната идеја ѝ припаѓа на Татијана од Москва, која се крие зад брендот наречен „Mrs. Chaplin Book Cluthes“.

Таа ја слави љубовта кон литературата инкорпорирана во овие тврди плик чанти, употребувајќи материјали како волна, свила и памук, служејќи се со различни техники на изработка.

Нивната внатрешност изгледа подеднакво совршено како и надворешниот изглед на чантичките.

Со нејзините вешти раце и фантазија, конечните производи изгледаат скапо и неодоливо, а секој вљубеник во книгите како „Волшебникот од Оз“, „Големиот Гетсби“, „100 години самотија“, „Хобит“ или „Малиот Принц“, сигурно би сакал да има барем една ваква чанта во своите раце.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул татко си ги тетовира цртежите од својот син Кул традицијата на овој татко прави тој на своите раце да го има исцртано детств...
Идеи како да направите необична новогодишна елка Ако и вие со години ја китите едната иста, пластична новогодишна елка, сигурно м...
9-годишно талентирано момче декорира ресторан со неговата уметност Секогаш треба да ги поддржувате вашите деца и нивните таленти, а ако го правите ...