12 изуми за оние кои се намуртени кога треба да станат рано
Денес секојдневно се измислуваат нови работи кои имаат за цел да ни го олеснат животот и да ни помогнат подобро да се соочуваме со рутината и секојдневието.

Би рекле - креативноста на некои луѓе никогаш не завршува, а благодарение на нив имаме одлични изуми кои можеме секојдневно да ги употребуваме.
На пример:
1. Светилка која го имитира изгрејсонцето за да ви помогне полесно да се разбудите.

2. Капа со која можете да си ја средите фризурата наутро за само неколку секунди.

3. Чергичка која ќе ве потсетува да не ги оставате електричните уреди вклучени во струја.

4. Мала чантичка која ја закачувате пред врата заедно со сите работи кои секогаш ги барате пред излегување.

5. Тајмер за под туш кога ви треба нешто да ве потсети дека е доста со фантазирање.

6. Чергичка за во тоалет која секогаш ќе ви става насмевка на лицето, дури и рано наутро.

7. Апликација која ќе ве потсети на сите работи кои треба да ги проверите и направите рано наутро.

8. Аларм кој мора да го превртите за да можете да го изгасите.

9. Сè во едно - машина со која најбрзо ќе си подготвите појадок.

10. Глинен сад со кој можете да направите омлет во микробранова за 45 секунди.

11. Како да ја подготвите целата облека која ќе ја носат децата наредната недела?

12. Туш со ароматерапија за да се подготвите за напорниот работен ден.

Н. Г. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кул изуми што решаваат многу проблеми во секојдневието (фото)
Зграда во која можете да си изнајмите правосмукалка и други апарати за чистење, ...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца
Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...
Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео)
Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...