10 култни дизајни на столчиња (фото)

Внатрешното уредување на домот ја оддава истата слика за вас како и вашата облека, чевли или фризура.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-01.jpg

Ентериерот зборува всушност за вашата личност.

Сите кои имаат пасија за добра трпезариска маса и квалитетни столчиња за ручање или одмор, задолжително треба да ги знаат овие 10 култни седечки дизајни, кои продефилирале во историјата на создавање мебел:

Diamond

Овој необичен дизајн е создаден од страна на Хери Бертоја користејќи челични прачки и рачно заварување. Доколку погледнете добро, столчето кое потсетува на дијамант, е главно создадено од воздух, како и скулптурите. Просторот поминува низ нив, изјавил уметникот позади дизајнот.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Diamond-Chair-02_copy.jpg

Wassily

Марсел Бруер бил обичен ученик во „Bauhaus“ (уметничко училиште во Германија), кога започнал да експериментира со цилиндрични челични цевки, со цел да создаде „проѕирно“ столче. Инспириран од рамката на велосипедот, моделот Wasiily столче се смета дека е првиот ваков тип создаден од извиткани цилиндрични челични шипки.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Wassily-Chair-03_copy.jpg

Tulip

Столчето „Лале“ е иновација на финско-американскиот архитект Еро Саринен, познат по неофутуристичкиот стил.

Интересниот дизајн создаван во периодот од 1955-1956 година за компанијата „Knoll“ во Њујорк е примарно создаден за да одговара на слична трпезариска маса. Популарното „Лале“ се одликува со мазните линии на модернизмот и се смета за водечко парче во индустрискиот дизајн.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Tulip-Chair-04.jpg

Barcelona

Елегнатното столче е дел од заедничката визија на познатиот германско-американскиот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое и Лили Рајх, германски современ архитект, за потребите на објектот „Barcelona Pavillion“ (исто така дизајниран од страна на Мис ван дер Рое) во 1929 година.

Користејќи нерѓосувачки челик и телешка кожа, двајцата уметници ја пронашле инспирацијата за ова култно столче во модернизмот и склопувачките столчиња од Древниот Египет.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Barcelona-Chair-05.jpg

Ghost

Филип Старк е францускиот дизајнер кој го редизајнирал изгледот на класичната фотелја од времето на кралот Луј XV.

Обликуван според калап и „излеан“ во само едно парче од плексиглас, столчето „Дух“ претставува едно од нејпрепознатливите парчиња мебел на 21-от век.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Ghost-Chair-06.jpg

Egg

„Јајцето“ останува едно од најомилените дизајни на столчиња на сите времиња. Стилски, удобен, функционален и модернистички, „Јајцето“ е дел од визијата на данскиот архитект и дизајнер Арне Емил Јакобсен, дизајниран за потребите на лобито и рецепцијата на хотелот „Royal“ во Копенхаген.

Ова столче е еден од најпрепознатливите симболи на Данска.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Egg-Chair-07.jpg

Eames Lounge

Чарлс и Реј Имс, американско дизајнерско дуо, ја преточиле својата љубов кон дизајнот во едно од најкултните столчиња во историјата на внатрешниот ентериер, кое ги краси просториите во „Музејот на модерна уметност во Њујорк“ (МОМА) и „Уметничкиот институт“ (the Art Institute of Chicago) во Чикаго.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Eames-Lounge-Chair-08.jpg

Le Corbusier Chaise

Ова столче-лежалка кое инстантно ве примамува да си прилегнете е дело на францускиот архитект со швајцарско потекло, Ле Корбизје.

Како коосновач на пуризмот и претставник на модерната архитектура, Корбизје го создал уникатното столче за одмор (означено уште како LC4) во заедничка соработка со француската архитектка Шарлот Периан.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Le-Corbusier-chaise-09.jpg

Model 3107

Едно од најкопираните столчиња во светот, е повторно дело на Арне Емил Јакобсен (креаторот на „Јајцето“). Благодарение на техниката која дозволува иверицата да се свиткува тродимензионално, продадени се над 5 милиони столчиња од овој модел, од 1955 година досега.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Model-3107-10.jpg

Panton S

Уште еден дански дизајнер се потпишува позади интересниот дизајн на ова столче кое го носи неговото презиме.

Вернон Пантон го создал столчето во 1967 година, кое веднаш го нарекле сензација, инкорпорирајќи елементи од популарното поп-арт движење во ’60-тите години на минатиот век.

Денеска, Пантон С столчето се смета за класичен симбол на модернистичкиот дизајн на мебел.

10-kultni-dizajni-na-stolcinja-Panton-S-chair-11.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лулашки за деца во инвалидска количка и уште 14 кул изуми за најмалите (некои ги имаме во Македонија... Клацкалка за деца со различна тежина (со тегови, кои може да се префрлат на стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg