Најпосакуваните дизајнерски радијатори во Европа се од Македонија

Македонскиот познат бренд Завар Дизајн што се занимава со дизајнирани радијатори претпознатливи во Европа и светот ја продолжува својата традиција на учество на Skopje Design Week 2016, настан што започна вчера, а ќе трае до 27ми ноември во дизајн центарот Јавна Соба.

najposakuvanite-dizajnerski-radijatori-vo-evropa-se-od-makedonija-5.jpg

За нивната претпознатливост говори и соработката со парискиот дизајнер Марјан Денков и нивниот неодамнешен заеднички проект преку кој беше уреден луксузен апартман во Париз и опремен со специјално дизајнирани радијатори од Завар Дизајн.

najposakuvanite-dizajnerski-radijatori-vo-evropa-se-od-makedonija-1.jpg

„Во март оваа година премиерно беше промовирана нашата најнова колекција “Art line” на саемот МЦЕ Милано, па затоа истата ќе ја презентираме и на овогодишниот Skopje Design Week. Колекцијата е производ на умешно екпериментирање со нови материјали, нивно комбинирање, како и користење на различни традиционални и современи техники за површинска обработка. Новата колекција е доволна причина да ги поканиме сите оние кои се интересираат во иновации и уникатни производи, да не посетат во Јавна Соба за време на Skopje Design Week“, изјави Марта Наумовска - Грнарова, генерален менаџер на Завар Компани и управител на Завар Дизајн.

najposakuvanite-dizajnerski-radijatori-vo-evropa-se-od-makedonija-4.jpg

За да се задржи уникатноста, секој радијатор од “Art line” колекција е различен и преставен како посебно парче уметност кое е рачно изработено, со висок квалитет и со различна артистичка интерпретација на фигурите добиени преку пресекувања на бескрајната линија од бакарна цевка.

najposakuvanite-dizajnerski-radijatori-vo-evropa-se-od-makedonija-2.jpg

Ова ќе биде шеста година за Skopje Design Week, а идејата на настанот останува иста, на едно место да се донесат и обединат највпечатливите дизајнери и иноватори од светот со шанса и можност тие да ги престават своите иновации, произовди и решенија, како и истовремено да искомуницираат со широката публика, регионално корпоративниот сектор и образовните институции.

najposakuvanite-dizajnerski-radijatori-vo-evropa-se-od-makedonija-3.jpg

Би можело да ве интересира:

10 дизајни кои немаат логика (а некој зел пари за нив) Што ли мислел некој кога дизајнирал клупа која има затворени вдлабнатини за седн...
Дизајнерски грешки кои не може ни да се објаснат – некој сакал побрзо да си оди од работа (фото) Kaпак на шолја заради кои мора да седите наведнати, промашен постер за ресторан ...
Цветанка рачно црта уметнички дела на велигденски јајца: „Сè започна кога ја изгубив мајка ми – така... Во април 2016 ја загубив мојата мајка. Следуваа тешки денови. Додека сите се под...
Уникатни секојдневни предмети од дизајнери кои го гледаат светот поразлично Тесен ескалатор за само една личност, даска за сечење со оптичка илузија, пијачк...
Корисни и кул предмети направени со 3Д принтер Држач за тоалетна хартија, закачалки за LEGO колекција, но и мини автомат – неко...
9 бесмислени дизајнерски решенија во лифтови – ќе помислите дека некој се шегува со вас (фото) Знак за лифт каде што нема лифт или лифт од кој излегувате и пред вас има дупка,...

Најчитани неделава