Сокриените симболи и значења во логоата на најпознатите брендови
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
kozmeticarka 12-12-2019


Сокриените симболи и значења во логоата на најпознатите брендови

Логоата на познатите брендови се насекаде околу нас - на ТВ рекламите, на пат кон работа, на маички, пенкала...

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-01_copy_copy_copy.jpg

А, речиси 90% од времето воопшто не сме ни свесни за нивното сокриено значење.

Што навистина значат логоата на познатите брендови?

„Chanel“

Логото го измислила самата Коко Шанел кога престојувала во замокот „Château Crémat“, а била инспирирана од лаковите кои биле насекаде во замокот. Интересно е што логото ги прикажува и нејзините иницијали.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-1.jpg

„Google“

За логото на „Google“ одбрани се трите основни бои: црвената, жолтата и сината, но подоцна била додадена и една зелена буква со идеја да се потенцира дека „Google“ ги руши стереотипите.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-2.jpg

„Gillette“

На прв поглед логото изгледа како само да има букви, но ако погледнете подобро кај буквите G и l ќе го забележите познатиот жилет.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-3.jpg

„Mitsubishi“

Логото на овој бренд се состои од 3 дијаманти кои симболизираат: доверливост, интегритет и успех, а црвената боја е одбрана за да симболизира самодоверба.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi4.jpg

„Nike“

Во 1975-та година студентката Керолин Дејвидсон земала само 35$ за ова лого кое тешко дека од прва ќе препознаете дека ја прикажува грчката божица Најк која ги инспирирала војниците да победат.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-5.jpg

„Le Tour de France“

Можеби сте го виделе стопати ова лого, но дали сте успеале да забележите дека во него е прикажан велосипедист?

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-6.jpg

„McDonald's“

Архитектот на рестораните дошол до идеја да направи златни лакови за столбови и кои ќе бидат нешто препознатливо за брендот за брза храна. Подоцна, психологот Луис Ческин, кога сакале да се ослободат од логото, потенцирал дека лаковите потсетуваат на гради и несвесно не потсетуваат на нашето безгрижно детство.

sokrienite-simboli-iz-nacenja-vo-logoata-na-najpoznatite-brendovi-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Airbnb од стаклената пирамида над Лувр ќе направи спална соба (фото) Фановите на необични искуства имаат уште една работа за додавање на својата лист...
Zara го промени логото - луѓето се збунети и Твитер е преплавен со ком... „Новото лого на Zara всушност се обидува да ме стисне во нивната облека“ е една ...
Денес е светски на спиењето - Спални соби во кои сакаме да го „прослав... Сонот ни е неопходен на сите за квалитетен живот, а денес го одбележуваме денот ...