Подобрете го првиот впечаток за вашиот дом: Креативно уредување на ходникот
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Фризеркa 28-05-2020


Подобрете го првиот впечаток за вашиот дом: Креативно уредување на ходникот

Јасно е дека ходникот не е просторија во која поминувате голем дел од денот, меѓутоа тој претставува првиот поглед и впечаток кога ќе влезете вие или некој друг во домот.

podobrete-go-prviot-vpechatok-za-vashiot-dom-bidete-kreativni-pri-ureduvanje-na-hodnikot-001.jpg

Токму затоа, немојте да го изоставувате од плановите за уредување и декорирање. Првиот впечаток кој гостите го добиваат кога ќе влезат во вашиот дом, се случува токму во овие неколку метри квадратни.

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви помогнат на одличен начин да го организирате просторот, а во исто време и да ги воодушевите оние кои ви доаѓаат на гости.

Додајте уметничка нота

Голема уметничка слика секогаш е одлично решение. Ваквиот шик начин на уредување е нешто што дефинитивно ќе додаде доза на драматичност во вашиот влезен простор.

podobrete-go-prviot-vpechatok-za-vashiot-dom-bidete-kreativni-pri-ureduvanje-na-hodnikot-3.jpg

Направете спој на модерното и функционалното

Слободно дозволете си ходникот да го украсите со дополнителни интересни, но и функционални додатоци. Покрај плакарчето за чевли, поставете висока вазна со модерен дизајн или некое столче.

Можете да поставите и дезенирани закачалки за марами или клучеви. Малите теписи или чергички исто така можат да го збогатат просторот.

podobrete-go-prviot-vpechatok-za-vashiot-dom-bidete-kreativni-pri-ureduvanje-na-hodnikot-4.jpg

Осветлете го просторот

Ако не ве бидува многу со деталите, еден модерен лустер може да го реши целиот проблем. Светлината е секогаш добредојдена, од причина што во ходникот речиси никогаш нема природно осветлување.

podobrete-go-prviot-vpechatok-za-vashiot-dom-bidete-kreativni-pri-ureduvanje-na-hodnikot-5.jpg

Ставете огледало

Доколку не сте љубители на уметнички слики, големо огледало е токму она што ви е потребно. Освен што ќе ја разбие монотонијата на вашиот ѕид, огледалото исто така ќе му даде длабочина на ходникот и визуелно ќе го зголеми просторот.

podobrete-go-prviot-vpechatok-za-vashiot-dom-bidete-kreativni-pri-ureduvanje-na-hodnikot-6.jpg

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Магија во вашиот дом: Ламби во форма на месечина Вселената сега ви е на дофат на рака! Нема ништо толку прекрасно како гледање во...
Дизајни кои ќе ги обожаваат оние кои секогаш се смрзнати Сите знаеме барем еден човек во животот кој секогаш има смрзнати раце, смрзнати ...
Најкреативните производи кои сите ги сакаа во 2017 година (фото) Зарем денот не би бил подобар со мини машина за кафе, а домот поубав со ламба во...

Спонзорирани линкови: