„Паметни“ огледала, фрижидери кои готват: Како ќе изгледаат домовите во 2040-та?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Giro prodavac 22-04-2019
Столар 22-04-2019


„Паметни“ огледала, фрижидери кои готват: Како ќе изгледаат домовите во 2040-та?

Како што светот се менува и технологијата напредува секој ден, така и изгледот на домовите постепено се менува.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-01.jpg

Ако пред 20 години, на шпоретите немало екрани и тајмери, сега речиси и не постои шпорет без тие додатоци.

Компанијата Tesla направи дигитални инсталации кои прикажуваат како би изгледале домовите за 23 години од сега, односно во 2040-тата.

Овие инсталации ќе бидат претставени на саемот во Сиднеј, Sydney Property Buy Expo.

Спална соба

Креветот ќе биде поврзан со дигитални уреди кои го регулираат спиењето. Огледалата ќе бидат „паметни“ и ќе имаат опција за дигитален плакар преку кој ќе можете да одберете комбинации на облека.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-02.jpg

Кујна

Работните маси во кујната ќе имаат „паметни“ површини кои даваат информации за временската прогноза, листи за пазарење, и идеи за појадок, ручек и вечера. Фрижидерите ќе имаат опција сами да ви ја готват храната или да сечкаат овошје, зеленчук и слично.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-03.jpg

Дневна соба

И дневната соба ќе биде футуристичка, со телевизори на целиот ѕид и звучници кои пренесуваат звук со најдобар квалитет. „Паметните“ звучници ќе бидат поврзани со гарнитурата за седење со цел доживувањето да биде потполно.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-04.jpg

Домашна канцеларија

Каков би бил домот на иднината ако во него нема домашна канцеларија опремена со најновите технолошки уреди? Преку бирото ќе може да се вклучите на интернет, да пишувате, да читате и слично.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-05.jpg

Тоалет

Тоалетите ќе имаат опција да проверуваат дали сте здрави или имате некои проблеми. На ѕидовите ќе може да се одбере „тапет“ на денот – плажа, планина, град – во зависност од вашето расположение тој ден. Огледалото ќе има опција да ве советува за шминката и фризурата.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-06.jpg

Гаража

На ѕидот на гаражата ќе има информации за временската прогноза и состојбата на патиштата низ градот и државата. Бидејќи се очекува автомобилите да бидат на струја, тие ќе се полнат во гаражата безжично, преку електромагнетни полиња.

pametni-ogledala-frizhideri-shto-ja-gotvat-hranata-kako-kje-izgledaat-domovite-vo-2040-ta-07.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

20 везени тетоважи - изгледаат покул отколку што звучат Оние кои се вљубени во уметноста која ја создаваат иглите натопени во мастило, с...
Како ќе изгледаат луксузните седишта на најдолгиот авионски лет во све... Кога ќе летате 19 часа потребно е да имате чувство на комплетна релаксација, а о...
Корисни ситници за дома од AliExpress кои изгледаат многу поскапо отко... Домот е местото каде треба да ви е најудобно и најпријатно, каде ќе може да биде...