Пловечки дом отпорен на ветрови, урагани и поплави

Надворешните влијанија не му можат ништо на овој современ пловечки дом.

plovechki dom otporen na vetrovi uragani i poplavi foto

Холандската архитектка Коен Олтиус смисли пловечки домови, кои функционираат на соларна енергија и не ја загадуваат околината.

Тие се соодветни за авангарден начин на живот на вода. Имаат систем за преработување на ѓубрето, собираат дождовна вода и имаат систем за прочистување на водата.

Дождовната вода се собира од покривот, се чува во трупот и се прочистува за да се обезбеди целосно автономно снабдување со вода. Системот на лизгање додава многу отворен простор.

Домовите имаат квалитетна изолација и се исклучително безбедни. Благодарение на вклучувањето на одредени системи можат да издржат силни ветрови, поплави и урагани.

Хидрауличните „нозе“, долги 40 метри, можат да ги стабилизираат пловечките домови или дури и да ги издигнат од водата.

Еве како изгледа овој интересен проект:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзинска Halloween шминка со 3 работи што ги имате дома (видео) Доколку во последен момент сакате да направите страшна шминка за да го преправит...
10 ситници од TEMU кои ќе ви го олеснат летото со деца Налепници за на рака со податоци во случај да се изгубат, мини вентилатори, реме...

Најчитани неделава