Скриени симболи во секојдневните предмети и логоа кои ја откриваат генијалноста на дизајнерите


Скриени симболи во секојдневните предмети и логоа кои ја откриваат генијалноста на дизајнерите

Дали некогаш сте забележале дека во секојдневните предмети или логоа кои ги сретнувате насекаде, постојат скриени симболи?

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-01.jpg

Дизајнерите понекогаш навистина знаат да се надминат себеси, а овие фотки го докажуваат токму тоа.

Во нивните логоа или знакчиња, тие имаат симболи по што се карактеризира најчесто нивниот производ.

Но, тие се добро прикриени со целокупната слика која ја гледаме, па веројатно никогаш не сте ни забележале дека постои некаква поврзаност.

Погледнете дел од нив:

Скриени шише и капаче во божиќната мечка на Coca Cola

Во носот на мечката се крие шише Coca Cola, а очите ги симболизираат неговите капачиња.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-02.jpg

Симболот за USB е инспириран од трозабецот на Нептун

Овој симбол е инспириран од трозабецот кој претставува моќ – па ја означува моќта која кабелот ја има, а различните симболи на краевите претставуваат универзалност.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-03.jpg

Бинарни броеви на копчето за вклучување/исклучување

Приказната зад овој симбол е инспирирана од бинарниот систем односно 1 и 0. Нулата значи исклучено, а единицата – вклучено.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-04.jpg

Паунот во логото на NBC

Сигурно сте го виделе ова лого, но никогаш не сте забележале дека всушност тоа претставува паун со пердуви.

Паунот се наоѓа во средината, а 6-те пердуви ги означуваат сите 6 поделби на компанијата (во периодот кога логото е креирано). Паунот е свртен настрана и укажува дека компанијата гледа кон иднината. Сепак, имало некоја приказна и во логоата.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-06.jpg

Залакот на јаболкото во логото на Apple

Човекот кој го дизајнирал логото, Роб, вели дека било многу едноставно и дека нема некоја посебна логика во него. Тој купил неколку јаболкa, ги ставил во сад и почнал да црта, отстранувајќи ги непотребните детали.

Залакот, пак, е направен за да симболизира дека тоа е јаболко, а не некое друго слично овошје.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-07.jpg

Дизајнерот завршил одлична задача, а освен што логото е многу јасно и едноставно, исто така се поклопува и со златниот пресек.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-05.jpg

Иглата во Pinterest логото

Идејата на Pinterest е да собирате слики кои ќе ги „пинувате“ (како прикачување со игла), па токму затоа, буквата „P“ е стилизирана за да потсетува на игла за закачување.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-08.jpg

Небо и пропелер на логото на BMW

Логото на BMW е инспирирано од кружниот дизајн на ротирачки пропелер. Има и приказна дека деловите во средината го претставуваат пропелерот, а сините – небото.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-09.jpg

Исто така, има поврзаност и тоа што боите на логото ги симболизираат боите на знамето на Баварија, од каде што потекнува компанијата.

skrieni-simboli-vo-sekojdnevnite-predmeti-i-logoa-koi-ja-otkrivaat-genijalnosta-na-dizajnerite-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кул дизајни со кои веднаш би ги замениле постоечките предмети и додато... Научени сме сите предмети, мебелот и домаќинските додатоци да ни изгледаат исто ...
10 корисни работи кои може да ги купите од Aliexpress за помалку од 1 ... Онлајн купувањето во одредени случаи може да биде апсолутен погодок, посебно ког...
6 генијални изуми за кои светот им е благодарен на дизајнерите Научниците и дизајнерите не се рамнодушни на проблемите со средината и постојано...